Сурогатство во Македонија

05.09.2023

Во денешното динамично време на живеење и предизвиците кои со себе ги носи,се повеќе брачни двојки на глобално ниво, се соочуваат со проблемот на потешкотии во остварување на нивното природно право на репродукција и обезбедување на пород кој ќе го продолжи нивното семејно стебло.

ВОВЕДУВАЊЕ НА МОЖНОСТА ЗА ДОБИВАЊЕ ДЕТЕ ПРЕКУ ГЕСТАЦИСКИ НОСИТЕЛ

 

Еден од таквите алтернативни начини кој го овозможува современата медицина и
кој станува се попопуларен во денешно време за брачните парови кои не можат на природен начин да добијат деца е преку сурогат- мајка (гестациски носител).За разлика од современите западни земји, каде што сурогатството зазема своја улога како начин- помош, за остварување на репродуктивното право уште од 90-тите години на минатиот век, во Македонија беше воведено во 2014 година со Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување како опција која брачните двојки можат да ја искористат со цел добивање на пород кој ќе биде биолошки поврзан со нив. Од воведувањето на можноста за добивање на дете преку гестациски носител, во нашата држава, согласно неофицијални извори, се родиле само четири бебиња од сурогат мајка, што укажува на фактот дека сурогатството како опција кај нас е многу ретко користено, односно брачните двојки поради најразлични причини не се решаваат да направат чекор кон добивање на биолошки деца преку гестациски носител. И покрај најразличните дебати, за и против сурогатството, бидејќи во нашиот правен поредок егзистира како можност и е реалност, во текстот што следи ќе дадеме краток осврт на законските одредби кои ја регулираат оваа материја.

ЗАКОН И РЕГУЛАТИВА ЗА СУРОГАТ МАЈЧИНСТВО

Согласно Законот, сурогатството е строго регулирана материја со јасно предвидена постапка и услови кои треба да ги исполнуваат како брачната двојка така и гестацискиот носител (сурогат мајката). Имено, во нашата држава постапката за Биомедицинско потпомогнато оплодување со гестациски носител може да се спроведе само ако постојат медицински причини за тоа, односно доколку претходното лекување е неуспешно или лекувањето со други методи е безизгледно и во случај кога тешка наследна болест може да се пренесе на породот, а на постапката и претходи задолжително заедничко психолошко, во времетраење од три месеци, како и правно советување на брачната двојка и гестацискиот носител. Министерството за здравство, како надлежна институција за постапката за БПО со гестациски носител, води евиденција односно регистри за жените кои ги исполнуваат условите за гестациски носител и евиденција за брачните двојки кои бараат оплодување со внесување на ембрион добиен со сопствени (или донирани полови клетки) во матката на жена- гестациски носител. Овие регистри овозможуваат точен преглед дали и колку брачни двојки се заинтересирани за искористување на оваа можност и дали во моментот постојат жени кои би сакале да бидат гестациски носители.

ГЕСТАЦИСКИОТ НОСИТЕЛ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВА СЛЕДНИТЕ УСЛОВИ:

  • Државјанин на РСМ;
  • Добра психофизичка и општа здравствена состојба;
  • На возраст од најмалку 25 години живот, се до возраст во која жената е во добра
    психофизичка и општа здравствена состојба која овозможува здрава бременост и
    раѓање на здраво дете;
  • Мајка на најмалку едно дете во моментот на започнување на постапката на БПО;
  • Да не и е одземено или ограничено родителското право;
  • Да не и е изречена казна за сторено кривично дело со ефективна казна затвор во
    траење од над шест месеца;
  • Да не и е ограничена или одземена деловната способност;
  • Да не е душевно болно или лице со пречки во интелектуалниот развој;
  • Да не е зависник од дрога или психотропски супстанци или алкохол; и
  • Да нема тешко хронично заболување или да не е болна од неизлечива заразна
    болест.
  • Брачната двојка треба да ги исполнува следните услови:
  • Државјани на РСМ;
  • Да постојат медицински причини за поведување на постапката;
  • Да бидат во регистрирана брачна заедница.
    Овде нагласуваме дека корисници на БПО со гестациски носител можат да бидат
    исклучиво маж и жена кои се во брачна заедница, а сите други форми на заедница како
    што е вонбрачната заедница се исклучени од оваа постапка.
    После успешно спојување на брачна двојка и гестациски носител, се обезбедуваат
    потребни изјави за согласност од сите чинители за спроведување на оваа постапка, кои
    мораат да бидат заверени на нотар и гестацискиот носител и брачната двојка склучуваат
    меѓусебен договор со кој ги уредуваат меѓусебните права и обврски.
    По успешно спроведување на постапката за БПО со гестациски носител, како
    родители на детето во матичната книга на родените се запишуваат мажот и жената од
  • брачната двојка на чие барање е поведена постапката, а гестацискиот носител нема
  • родителски права, ниту обврски спрема детето.

ЗАКАЖЕТЕ СОСТАНОК СО НАШИОТ ТИМ:

 

Informative blog

To top