- Вовед:
Оваа политика за приватност е донесена и ги почитува основните принципи на Законот за заштита на лични податоци, преку кој закон одредбите на Регулативата за општа заштита на податоците (GDPR) на Европската Унија се транспонирани во нашето законодавство.
Оваа политика за приватност, а во согласност со Законот за заштита на лични податоци ги уредува основните принципи и начела при остварувањето на правата на субјектите на лични податоци како посетители и корисници на услугите на www.almelaw.com.
Нашата веб страна ги собира само оние лични податоци кои се неопходни за успешно испорачување на услугата, со претходна согласност на субјектот на лични податоци.
- Дефиниции:
,,Личен податок’’ е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице;
,,Обработка на личните податоци’’ е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување;
,,Ограничување на обработката на лични податоци’’ е означување на личните податоци кои се чуваат, а со цел ограничување на нивната обработка во иднина;
,,Контролор’’ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци, а кога целите и начинот на обработка на личните податоци се утврдени со закон, со истиот закон се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување;
,,Обработувач на збирка на лични податоци’’ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот;
,,Согласност’’ на субјектот на лични податоци е секоја слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислена изјавена волја на субјектот на лични податоци, преку изјава или јасно потврдено дејствие, а со кои се изразува согласност за обработка на неговите лични податоци;
,,Нарушување на безбедност на лични податоци’’ е секое нарушување на безбедноста, што доведува до случајно или незаконско уништување, губење, менување, неовластено откривање или пристап до личните податоци кои се пренесуваат, чуваат или на друг начин обработуваат;
- Забрана за дискриминација
Заштитата на личните податоци се гарантира на секое физичко лице без дискриминација заснована врз неговата националност, раса, боја на кожата верски уверувања, етничка припадност, пол, јазик, политички или други верувања, материјална положба, потекло по раѓање, образование, социјално потекло, државјанство, место или вид на престој или кои било други лични карактеристики.
- Контролор на збирка на личните податоци
Контролор на личните податоци е Адвокат Дејан Алексов Скопје, со седиште на ул. Железничка, бр. 30 стан 1, Скопје-Центар и ЕМБС 7173598.
- Начела на обработка на личните податоци
Личните податоци се обработуваат во согласност со следните начела на обработка:
- Согласно со закон, во доволна мера и на транспарентен начин во однос на субјектот на лични податоци;
- Се собираат за конкретни, јасни и легитимни цели и нема да се обработуваат на начин што не е во согласност со тие цели;
- Соодветни, релевантни и ограничени на она што е неопходно во однос на целите заради кои се обработуваат;
- Точни и каде што е потребно ажурирани, при што ќе се преземат сите соодветни мерки за навремено бришење или коригирање на податоците што се неточни или нецелосни, имајќи ги предвид целите заради кои биле обработени;
- Чувани во форма која овозможува идентификација на субјектите на лични податоци, не подолго од она што е потребно за целите поради кои се обработуваат личните податоци;
- Обработени на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување, со примена на соодветни технички или организациски мерки.
- Права на субјектот на лични податоци
Субјектите на лични податоци, како ексклузивни носители на своите лични податоци ги имаат следните права:
- Право на пристап;
- Право на исправка;
- Право на бришење (,,право да се биде заборавен ‘’);
- Право на ограничување на обработката;
- Право да биде известен во случај на исправка, бришење или ограничување на обработката;
- Право на преносливост на податоците;
- Право на приговор;
- Право да не биде предмет на одлука заснована едиснтвено на автоматизирана обработка;
Субјектите на лични податоци ги имаат и сите други права кои произлегуваат од Законот за заштита на лични податоци.
- Збирки на лични податоци
Во согласност со природата на работењето на контролорот, од страна на субјектите на лични податоци се собираат следните збирки на лични податоци:
- Збирка на лични податоци за нашите клиенти кои ги опфаќаат следните лични податоци:
- Име;
- Презиме;
- Адреса на живеење;
- ЕМБГ;
- Мејл адреса;
- Мобилен број;
- Збирка на лични податоци за вработените и ангажирани лица кои ги опфаќаат следните лични податоци:
- Име;
- Презиме;
- Адреса на живеење;
- ЕМБГ;
- Мејл адреса;
- Мобилен број;
- Збирка на лични податоци на посетители на нашата веб страница доколку се случи автоматска обработка на личен податок кој посетителот доброволно го оставил кој може да се состои од:
- Име;
- Презиме;
- Мејл адреса;
- Начела и цели на обработка на личните податоци
Погоренаведената збирка на лични податоци ја собираме и обработуваме законито, правично и транспарентно.
Личните податоци кои ги собираме се во минимален обем со цел успешно испорачување на нашата услуга.
Личните податоци од збирката на клиенти се собираат за следната цел:
- Успешно испорачување на побараната адвокатска услуга од страна на нашиот клиент.
Личните податоци од збирката на вработени и ангажирани лица се собираат за следната цел:
- Успешно остварување на правата и обврските од работниот однос и договорниот однос за ангажираните лица и исплата на плати и надоместоци.
Личните податоци од збирката на посетители на нашата веб страница се собираат за следната цел:
- Подобрување на корисничкото искуство на посетителите на нашата веб страница како и евиденција за посетителите и таргетирање на нашите услуги.
Ние како контролор нема да ги обработуваме вашите лични податоци на начин и за цели спротивни од тие за кои се споделени од страна на субјектот на лични податоци. Субјектот на лични податоци може во секој момент да поднесе барање со цел увид на начинот на обработка на неговите лични податоци.
- Прекршување на обврската за заштита на личните податоци
Во случај на инцидент во врска со заштитата и обработката на лични податоци, Адвокат Дејан Алексов се обврзува да постапи во согласност со обврските кои произлегуваат од Законот за заштита на лични податоци, односно во рок и без одлагање ќе ја извести Агенцијата за заштита на лични податоци по дознавањето на таквото прекршување и во извстувањето ќе бидат наведени природата и обемот на прекршокот.
Во ваков случај Адвокат Дејан Алексов ќе ги превземе и сите потребни мерки со цел брзо и неодложно отстранување на прекршокот.
- Контакт податоци на овластеното лице за заштита на личните податоци
Како овластено лице за заштита на личните податоци се поставува лицето:
- Дејан Алексов од Скопје
Контакт адреса на лицето овластено за заштита на лични податоци:
- Линкови до обрасци за барања
Со цел поднесување на барање до овластеното лице во врска со обработката на вашите лични податоци ви оставаме линкови за пристап до обрасци кои ние ги направивме.
Барање за запирање на обработката на лични податоци: Линк ____________
Барање за доставување информации за обработка на лични податоци: Линк ___________
Барање за дополнување, измена или бришење на информации за обработка на личните податоци: Линк ____________
- Што се колачиња?
Колаче (cookie) е информација која што се креира и испраќа од веб-серверот до веб пребарувачот, а која потоа се испраќа назад, како непроменета информација од веб-пребарувачот секогаш кога повторно ќе се пристапи до веб-серверот кој ја креирал информацијата.
За да разбереме како посетителите ја користат нашата веб-страница и за да им овозможиме подобро искуство, собираме некои од вашите податоци преку складирање на колачиња. Колачињата ги користиме и за да се запомнат вашите активности и преференции, за да го подобриме вашето корисничко искуство, да направиме анализа на сообраќајот на нашиот сајт и да сервираме персонализирана содржина и реклами.
- Каква согласност обезбедува нашата веб-страница за поставување на колачиња?
Нашата веб-страница обезбедува таканаречена ‘’грануларна согласност’’ од страна на посетителот која овозможува самиот посетител да избере што ќе одобри, односно дали ќе ги одобри сите колачиња кои се користат за различни цели, или некои од нив ќе одбие да бидат складирани на неговиот веб пребарувач. Неопходните колачиња се исклучок од ова правило, бидејќи овие колачиња се складираат и се секогаш активни за да бидат овозможени неопходните функционалности на нашата веб-страница.
- Кога се обезбедува согласноста за поставување на колачињата?
При првото отворање на нашата веб страница и слетување, автоматски ќе ви биде прикажана нашата скрипта преку која можете да ги одбиете сите колачиња, да ги прифатите, или дел од нив да прифатите, а дел од нив да одбиете. Другите активности на нашиот веб сајт, како скролање, кликање итн. нема да се сметаат како прифаќање на колачињата.
- Кои колачиња и за какви цели ги користи нашата веб-страница?
- Неопходни колачиња- неопходните колачиња се потребни за да се овозможат основните функционалности на нашата страница, како што се обезбедување безбедно најавување или прилагодување на вашите поставки за согласност. Овие колачиња не складираат никакви лични податоци за идентификација.
Нашата веб страница ги користи следните неопходни колачиња:
Колаче | Траење | Опис |
_____________ | __________ | ______
|
__________ | ____________ | _________________
|
________________ | _____________ | ________________
|
- Аналитички колачиња- Аналитичките колачиња се користат за да се разбере како посетителите комуницираат со веб-страницата. Овие колачиња помагаат да се обезбедат информации за метрика како што се бројот на посетители, стапката на отскокнување, изворот на сообраќај итн.
Нашата веб страница ги користи следните аналитички колачиња:
Колаче | Траење | Опис |
______ | ____________________ | ___________
|
__________ | ________________ | _______________
|
- Маркетинг колачиња- Колачињата за рекламирање се користат за да им се обезбедат на посетителите приспособени реклами врз основа на страниците што сте ги посетиле претходно и да се анализира ефективноста на рекламните кампањи.
Нашата веб страница ги користи следните маркетинг колачиња:
Колаче | Траење | Опис |
_______ | ___________ | ___________
|
- Дали можете да ги отстраните поставените колачиња на вашиот веб-пребарувач?
Преку поставките (Settings) во вашиот веб-пребарувач (Microsoft Edge, Mozilla Firefox, Google Chrome, Opera, Safari) соодветно можете да ги видите сите колачиња кои се складирани од различни сајтови и сите или дел од нив да ги избришете. Во секој момент преку овие поставки можете да ги оневозможите или избришете поставените колачиња од страна на Адвокат Дејан Алексов. Доколку целосно ги исклучите, избришете или не ги прифатете нашите колачиња, одделни фукнционалности би можеле да не функционираат при вашето користење на оваа веб страница.
- Стапување во сила и промена на Политиката
Адвокат Дејан Алексов го задржува правото да прави промени на оваа Политика за приватност доколку има потреба од усогласување на политиката со релевантни законски одредби. Корисниците на веб страницата ќе бидат известени за секоја промена на оваа Политика за приватност. Оваа политика стапува во сила со денот на донесувањето.
24.06.2024 година