Акцелератор за стартапи – што претставува?
Акцелератор за стартап компании претставува програма дизајнирана да им помогне на стартапите во рана фаза да го убрзаат развојот на својот бизнис.
Овие програми вообичаено нудат менторство, финансиска поддршка, можности за вмрежување и пристап до клучни ресурси. Програмите се ограничени по времетраење, најчесто траат од 3 до 6 месеци и завршуваат со т.н. „демо ден“, на кој стартапите ги претставуваат своите идеи пред потенцијални инвеститори. Некои од најпознатите стартап компании како Airbnb, Dropbox и Stripe започнале токму преку вакви програми, при што Y Combinator, Techstars, 500 Global и Seedcamp се меѓу најреномираните акцелератори на глобално ниво.
Бизнис модел на акцелераторот и правна форма
Акцелераторите функционираат според различни бизнис модели, но најчестиот модел е стекнување на удел во стартапот во замена за обезбедена програма и почетен капитал. Некои од нив наплаќаат и надомест за учество во програмата.
Тие може да бидат организирани како профитни (приватни компании како LLC или корпорации) или непрофитни правни субјекти, особено кога се поврзани со универзитети или јавни институции. Изборот на моделот зависи од целите на основачите, изворите на финансирање и начинот на функционирање на програмата. Важно е да се обезбеди одржливост и можност за долгорочна добивка преку продажба на стекнатиот удел во иднината.
Правна поставеност
Правната поставеност е темелот врз кој се гради секој успешен акцелератор. Тоа вклучува договори, политики и процедури кои ги регулираат внатрешните односи меѓу основачите, управувањето со ресурсите, како и надворешните односи со стартапите кои учествуваат во програмата. Добро структурираната правна документација обезбедува јасни правила, ги намалува ризиците од конфликти и ја зацврстува довербата на инвеститорите и партнерите.
Во рамки на ГИЗ (GIZ) и проектот ЕУ за економски раст, подготвивме „Водич со правни аспекти за акцелератор на стартапи“
Овој водич има за цел да ги прикаже клучните правни аспекти во согласност со домашното законодавство и да им помогне на новите акцелератори да ги постават темелите правилно и одржливо.
Водичот можете да го симнете бесплатно на веб сајтот на ГИЗ на следниот линк: https://eu4eg.mk/resources/
Или можете директно да го преземете Тука.
ЗАКАЖИ СОСТАНОК СО НАШИОТ ТИМ