Нашиот тим е составен од професионалци од неколку профили: Адвокати, Приправници, Надворешни соработници за даночни прашања, прашања од областа на Нотаријатот и креатори на информативни содржини. Преку разноликоста на нашиот тим, овозможуваме сеопфатен пристап кон предизвиците со кои се соочуваат нашите клиенти.

Главни вредности на нашиот тим се: интегритет и транспарентност, тимска работа, постојано учење и надоградување, експертиза и грижа за клиентите. Нашата мисија е да обезбедиме постојана правна сигурност на нашите клиенти, преку градење на долготрајна доверба и соработка. Нашата визија е да станеме прв избор на претприемачите и иноваторите во земјава и регионот.

Дејан Алексов

Адвокат

Дејан Алексов е адвокат од 01.01.2017 година кога ја основа адвокатската канцеларија Алексов, која во 2022 година во партнерство со адвокат Артан Мемиши прераснува во  адвокатска канцеларија Алексов и Мемиши.

Прочитај повеќе

Артан Мемиши

Адвокат

Артан Мемиши, адвокат од 01.10.2020 година. Овластен застапник за заштита на права од индустриска сопственост. Специјализација во неколку области меѓу кои: имиграција и дозволи за престој, државјанство, работни спорови, стечај и ликвидација на фирми.

Прочитај повеќе

"Силата на тимот е во секој поединец, силата на секој поединец е во тимот" - Фил Џексон

Тим

Кристијан Стевчев

Адвокат

Кристијан Стевчев, адвокат од 01.05.2024 година. Специјализира во неколку области меѓу кои: заштита на лични податоци, договори за развој на софтвер, инвестиции во стартап компании од ангел инвеститори, акцелератори и фондови на ризичен капитал.

Прочитај повеќе

Јелица Мелова

Адвокатски приправник

Јелица Мелова е со завршени мастер студии на факултетот Јустинијан Први при УКИМ. Во канцеларијата го реализира својот приправнички стаж за полагање на правосудниот испит.

Прочитај повеќе

Амел Муриќ

Надворешен соработник за даночни прашања

Амел Муриќ е надворешен соработник за даночни прашања. Неговата експертиза е во различни даночни области кои го опфаќаат домашното даночно право и меѓународното.

Прочитај повеќе

Павлина Павлоска

Надворешен соработник за прашања од Нотаријатот

Павлина е надворешен соработник на адвокатската канцеларија Алексов и Мемиши за прашања од областа на Нотаријатот, заверки и солемнизации на различни видови на договори за територијата на град Скопје.

Прочитај повеќе

Мила Мишовска

Соработник за информативни содржини

Мила Мишовска е соработник за информативни содржини, која правните и комплексни информации од актуелната регулатива ги прави лесно разбирливи.

Прочитај повеќе

Приклучи се на тимот

Секогаш отворени за колеги и соработници кои ја делат нашата визија
Испрати CV

Информативен блог

To top