Интервју со практикант од Social Day

14.11.2023

Ние како канцеларија се одлучивме да бидеме дел од проектот на Social Day каде што како практикант во канцеларија беше Илија Љангов од средното училиште САБА каде што тој изучува бизнис. Целата на Social Day е да воспостави солидарност помеѓу младите во текот на нивните училишни денови, да инспирира активно граѓанство и општествен развој воден од млади. Па така одлучивме да завземеме и ние дел и да ги поттикнеме младите ученици во нивниот развој и да ги запознаеме со тоа како изгледа еден работен ден во нашата канцеларија. Во продолжение може да прочитате околу искуство на Илија во САБА, како тој се гледа во бизнис светот и што планира во иднина.

 

 

Кој беше поттикот за да се одлучиш за бизнис смерот во САБА?

 

Мојата одлука за да го учам бизнис смерот во моето средно училиште беше желбата да се здобијам со знаење од бизнис средината и да имам некаква претстава за процесот на раководење и управување на едно правно лице.

 

Какво беше твоето искуство во САБА?

 

Саба мене ми овозможи многу убави искуства и здобивање на знаење од високо ниво во мојот бизнис правец. Заинтерисаноста и вложениот своеволен труд на професорите за на што покреативен начин да ни ги предадат наставните единици ми помогна многу да ја разберам наставната програма на еден сликовит начин. Саба исто така ми овозможи да сум дел од многу проекти кои ми помогнаа уште повеќе да научам нешто ново но и да видам како бизнис смерот функционира во пракса.

 

Со какво знаење се стекна во САБА?

 

Јас во моето четиригодишно образование во САБА се стекнав со многу знаење во бизнис смерот но најголем впечаток ми оставија часовите по маркетинг, сметководство и трговско право. Тие ми овозможија да научам нешто повеќе за видовите на даноци при работењето на правното лице, видовите на правни лица во нашата земја, кои се нивните обврски и како да се пласираме на пазарот. Има многу повеќе, но ова се едни од часовите кои за мене имаа најголемо значење а воедно и се стекнав со доста знаење од истите.

 

Каде се гледаш во иднина?

 

По завршувањето на моето средно образование јас имам многу идеи и цели кои сакам да ги остварам како основање на правно лице со кое јас лично ќе управувам. Каде покрај тоа би продолжил со моето образование така што ќе се запишам на курсеви од области кои ме интересираат, ќе учествувам на предавања, семинари и конференции кои ќе ми помогнат да се стекнам со уште повеќе знаење, контакти и иновации во мојата бизнис кариера.

 

 

Каде би го продолжил твоето образование?

 

Моето образование би го продолжил надвор од Македонија затоа што мислам дека можам да се стекнам со многу повеќе знаење, иновации а воедно и да напредувам во бизнис светот. Со самото избирање да учиме надвор од Македонија се запозанваме со нови средини и начини на предавање за разлика од веќе познатите каде што би бил многу повеќе инспириран и мотивиран да вложам уште поголем труд во врска со мојата кариера како иден бизнисмен.

 

Закажете состанок со нашиот тим:

 

 

 

 

Информативен блог

To top