Виза за стартап или иновативен бизнис во Обединетото Кралство

18.07.2019

Од неодамна, во Обединетото Кралство ја замениле улогата на Tier-1 Entrepreneur Visa со две нови можности: виза за стартап или виза за иновативен бизнис. Она што е заедничко за двете опции е дека се наменети за државјани кои не се од земјите на Европската Економска Зона или Швајцарија и имаат иновативна идеја за бизнис, кој сакаат да го започнат во Обединетото Кралство. Генералната разлика меѓу овие две визи е дека стратап визата е наменета за почетници, кои немаат искуство во бизнис сферата, а визата за иноватори е поволна за искусни претприемачи – ова е очекуваното продолжение на стартап визата.

Услови

Суштинските мотиви заради кои постојат овие визи се наоѓаат во иновативност на идејата и финансиското обезбедување на стартапот, односно бизнисот. Условите кои е потребно апликантите да ги исполнуваат и за двете визи се:

  1. Бизнис план кој се карактеризира со: иновативност, одржливост на фирмата, приспособливост;
  2. Одобрување на бизнис планот од страна на некое од регистрираните тела за разгледување на апликациите;
  3. Апликантот треба да има минимум 18 години;
  4. Потврда за познавање на англиски јазик (тест или англиски јазик во завршеното образование);
  5. Потврда за финансиска стабилност.

Start-up visa

За стартап виза може да се аплицира и како промена на визата, доколку апликантот веќе е во Обединетото Кралство добивајќи некоја од визите: Tier-1, Tier-2, Tier-4 или виза за посетител. Првиот чекор за апликација е онлајн. Документи кои се потребни за апликација се:

  1. Потврда за стартап идејата од комисија за одобрување;
  2. Важечка патна исправа;
  3. Потврда од банка дека апликантот има за 945 фунти кои ќе му обезбедат престој за идните 90 дена;
  4. Резултат од тест за туберкулоза, доколку апликантот е од држава од оваа листа;
  5. Потврда за познавање англиски јазик.

Времетраењето на визата е 2 години, со можност за продолжување во друг облик: Innovator visa. Семејството на апликантот може да аплицира за оваа виза во улога на партнер или малолетно дете. Во тој случај, потребна е потврда од банка за уште по 630 фунти за секој член. Трошоците за апликација се прикажани во следната табела:

Лице Апликација надвор од ОК Промена на виза (во ОК)
Апликант 363 фунти 493 фунти
Апликант од Турција или Македонија 308 фунти 438 фунти
Член на семејството на апликантот 363 фунти 493 фунти

Дополнително, потребно е да се плати и здравствено осигурување.

Innovator visa

Визата за иновативен бизнис е погодна за промена од Tier-1 Entrepreneur visa или за „продолжување“ на стартап визата. За да се добие оваа виза, најпрвин е потребна потврда од овластена комисија дека идејата нуди нешто ново, е одржлива и има потенцијал за раст. Покрај овој документ, за апликација се потребни сите наведени документи за апликација за  Start-up visa. Доколку отварате нов бизнис, дополнително, потребна е потврда за за инвестиција од најмалку 50000 фунти. Времетраењето на визата е 3 години, со можност за неограничен број пати продолжување за уште 3 години. Семејството на апликантот може да аплицира за виза исто така – полнолетните деца може да аплицираат за визата доколку веќе се во Обединетото Кралство. Плаќањето здравствено осигурување е дел од апликацијата, а цените за апликацијата се дадени во табелата:

Лице Апликација надвор од ОК Промена на виза (во ОК)
Апликант 1021 фунти 1277 фунти
Апликант од Турција или Македонија 966 фунти 1222 фунти
Член на семејството на апликантот 1021 фунти 1277 фунти

Informative blog

To top