„Мојот прв инвеститор“ – информативна брошура за стартапи

23.03.2023

„Мојот прв инвеститор – основни правни документи при инвестирање во стартап“ е кратка брошура која е наменета за сите млади стартап компании коишто првпат се среќаваат со бизнис-ангел инвестиција или инвестиција од страна на акцелератор.

Брошурата има за цел да ги запознае со основните правни документи со кои тие ќе се сретнат при склучување на договор со инвеститорот како и со основните одредби што таквите документи вообичаено ги содржат.

Сметаме дека денешните управители/менаџери на стартап компании задолжително треба да имаат основни познавања од најразлични области, за да можат успешно да го растат својот бизнис, а тоа не го исклучува ни основното познавање на правото“ – адвокат Дејан Алексов.

Мојот прв инвеститор“ – основни правни документи при инвестирање во стартап

Правните документи и објаснувањата на одредбите имаат баш таква цел, да му ја претстават сликата на стартапот околу правната процедура, документи и типични одредби во тие документи при добивање на својата прва инвестиција.

Во брошурата во кратки објаснувања се опфатени поимите и документите поврзани со инвестициски процес односно:

  • Term Sheet / Писмо со услови
  • Cap Table / Табела на капитал
  • Договор за инвестирање
  • Договор за содружништво
  • Конвертибилен заем

Брошурата можете да бесплатно да ја симнете на 360 за Стартап – веб-страната подолу:

https://www.aleksov-memishi.mk/mk/360-za-startup/

Напоменуваме дека оваа брошура не претставува правен совет, напротив ги охрабруваме стартапите секогаш да ги контактираат своите адвокати, пред да потпишат ваков тип на документи.

Informative blog

To top