Пресекот помеѓу правото и технологијата

06.06.2017
legal tech

Ако бизнисот не се реинвентира со цел да се приспособи на промените на пазарот, тогаш голема е веројатноста да го намали обемот на работа и да биде совладан од останатите кои се подобри во адаптирање на новото опкружување.

Овој став не е помалку вистинит и за адвокатските канцеларии и друштва.

Како што банкарската индустрија е “нападната” со развојот на технологијата и појавата на fin tech продуктите, така и појавата на legal tech продукти ќе влијаат во работата на адвокатите.
Прашања кои се поставуваат е дали овие продукти ќе го намалат квалитетот на услугата во споредба со tailor – made адвокатски совет и како клиентите ќе имаат доверба во адвокатите ако личната интеракција помеѓу нив е делумно заменета со технологија.

Меѓутоа, овие продукти имаат за цел да го зголемат квалитетот на работата на самите адвокати. Да не се посветува премногу време на технички работи кои одземаат дополнителна концентрација.

Главен мотив е автоматизирање на работите кои можат да се автоматизираат. Во суштината на legal tech продуктите се обидите да се направат технолошко ориентирани и стандардизирани правни услуги за добро разбрани проблеми кој се појавуваат секојдневно и ги има во голем обем. Адвокатите се тука за да направат проверка и да интервенираат ако се работи за исклучок.

Стартап продукт кој е пример за примената на вештачката интелегенција во адвокатските канцеларии:

Влезот на legal tech во континенталното право

На светскиот пазар, овој вид на продукти најмногу се развиени во САД и Велика Британија, од причина што имаат различен правен систем (common law).
Меѓутоа, од пред 3-4 години овој вид на продукти започнаа да се појавуваат и во Европските држави.

Денес во Р.Германија се развиват продукти кои нудат услуги за компензација поради задоцнети или откажани летови (flightright), престанок на договори за хипотека и бришење на хипотеката (bankright), приговарање на записници и прекршоци за брзо возење (geblitzt), компензација заради задоцнет или откажан воз (bahn-buddy).

Почнувајки од 2013 година, во Р.Франција се развиваат legal tech продукти кои генерираат пресонализирани договори за закуп (lebonbail), платформи кои нудат персонализирани правни совети (lawcracy и legalstart), платформи кои го олеснуваат пребарувањето низ лавиринтите на правото (doctrine) и др.

Што претставува Civic Tech и регулирање на технологија?

Имплементацијата на е-катастар во Р.Македонија, е-ЦРРМ, е-јавни набавки како и имплементирање на останата технологија низ државните институции се пример за civic tech. Civic tech преставува технологија (воглавно информатичка технологија) што овозможува ангажман или учество на јавниот сектор во општеството што придонесува за подобар развој, подобрување на комуникацијата меѓу институциите и граѓаните и воопшто подобрување на јавното добро.

Трета гранка која е поврзана со технологијата и со правото, е самото регулирање на новите трендови.
Во овој дел спаѓаат решенијата кои регулираат заштита на личните податоци преку онлајн размена на податоци, регулирање на blockchain технологија и криптовалутите, регулирање на cyber bullying и др.

Кога ќе се споредат, сите три гранки (legaltech, civictech како и регулирање на новата технологија) помеѓусебе наоѓаат една сличност, а тоа е дека сите се наоѓаат на интерсекцијата меѓу правото и технологијата.
Сите три имаат за цел напредок на општеството и подобрување на животот. Иако започнуваат да се појавуваат во различен правен систем од нашиот (САД и Велика Британија), од пред неколку години веќе се длабоко навлезени и во континенталното право (правен систем кој што го има и РМ) и заземаат се поголем замав.

Blogu informues

To top