Crowd Justice: платформа за crowdfunding на правните проблеми

12.12.2019

CrowdJustice е платформа која го поврзува социјалното претприемништво и правото. Водечка идеја на оваа платформа е финансиски да го олесни пристапот до правни услуги за сите граѓани. CrowdJustice платформата за почнала со работа во 2014 година во Обединетото Кралство, а во 2017 година се проширила во САД, со седиште во Њу Јорк.

Како функционира?

Платформата CrowdJustice е место каде што секој граѓанин, здружение или заедница може да побара финансиска помош за својот правен проблем. Најпрвин, поединецот или групата граѓани, треба да има избрано свој адвокат за проблемот, а потоа проблемот да биде објавен на платформата. Секој граѓанин може да донира кон за да се собере сумата којашто е потребна за покривање на правните трошоци за дадениот проблем. Тим од правни експерти кој работи за платформата го проверува избраниот правен застапник за секој од објавените проблеми и потврдува дали собраните пари ќе бидат наменети за соодветниот предмет.

Доколку благовремено не се собере предвидената минимална сума пари која е потребна за даден предмет, платформата не им ги повлекува парите на луѓето кои донирале. Ако за некој проблем се соберат повеќе пари отколку што е доволно за покривање на правните тошоци, донорите може да одлучат дали и во за кој друг проблем сакаат да донираат. CrowdJustice добива 3% од сумата која се донира за правните случаи.

CrowdJustice crowdfunding

Успешни приказни

Успешните приказни на CrowdJustice платформата се од различни области: работни односи, истраги, образование, дисктиминација, човекови права, проблеми од јавен интерес и слично.

Една од приказните за остварување на правата на работниците со помош на оваа платформа е случајот на 27 уметници коишто ја изгубиле работата во Националната галерија, независно од нивните компетенции и  работно искуство. Групата успешно ја собрала потребната сума за тужба, а и правната одлука потоа била во нивна корист. Друг случај на многу брзо собрана сума пари е иницијативата на асоцијацијата WASPI (Women Against State Pension Age Inequality Ltd – здружение од жени формирано за борба против нееднаквоста во висината на државната пензија. Од областа на човековите права и образованието, преку CrowdJustice платформата е успешно финансиран случајот на 12-годишен глувонем ученик чиешто барање е да полага стандардизиран тест по знаковен јазик, како негов прв јазик за комуникација.

Зошто луѓето би донирале?

Концептот на CrowdJustice платформата го развива чувството на емпатија и социјална свест. Луѓето може да си укажуваат меѓусебна поддршка преку донирање. Мала сума пари од повеќе места значи голема помош за оној кому е потребна. Од друга страна, оваа платформа е добра и за адвокатите, бидејќи ќе можат да работат на правните предмети од сите клиенти кадешто се потребни нивното знаење и специјалност, со сигурност дека ќе добијат надомест за својот труд и работа.

Blogu informues

To top