Legal Tech Startup: Libryo

17.11.2019

Libryo е стартап од областа на правото и технологијата којшто им помага на правниците брзо да пребаруваат низ законската регулатива на повеќе јазици. Имајќи ја точната информација за кратко време, тие ќе можат да посветат повеќе време за размислување за важните прашања. Платформата Libryo е основана во 2015 година и има седишта во Лондон и Cape Town, Јужна Африка.

Својства и поволности

Со Libryo е овозможен брз пристап до членовите од законот на систематизиран и организиран начин. Корисникот има автоматизиран правен регистер и одговори на прашањата поврзани со регулативата за случајот на кој работи. Платформата Libryo е поволна и за користење во рамките на правна организација, овозможувајќи организирање на документите по предмет и увид во предметот од страна на повеќе корисници. Libryo се надградува согласно со измените во Законот и корисниците добиваат известување за секоја настаната промена. Исто така, оваа алатка нуди можност за превод на регулативите на повеќе јазици, што ја прави достапна за користење во повеќе земји. За полесно да го разберат правиот текст, корисниците имаат опција и да читаат обработка на законските акти во „обичен“ јазик.

Дел од тимот на Libryo се правни експерти со коишто корисниците на платформата можат да комуницираат, да се консултираат и да добијат помош при нејзиното користење. Исто така, тимот соработува со правници и правни експерти за секоја јурисдикција од земјите во коишто се користи. Lybro ги интегрира во својата платформа правилата за управување, менаџмент со ризик и колку истите се во складност со регулативата. Исто така на платформата може да се направи и проценка на ризик со определен предмет, како и да се добиваат ревизорски извештаи.

Публикации

На веб страната на Libryo може да се најдат слободни чек-листи и брошури со уредни колекции од законски регулативи за различни индустрии и видови на корисници:

  • Чек-листи со правни регулативи за бизнис согласно со ISO, правни аспекти поврзани со околина, здравје и безбедност (EHS);
  • Брошури со збирки од законски регулативи од областа на телекомуникациите, автомобилската индустрија, фармацевтската индустрија, регулативи за правните фирми, енергетика, брошури за банки.

Blogu informues

To top