Промена на управител

10.09.2020

Промена на управител на трговско друштво е постапка која се води пред Централниот регистар на РСМ. Оваа постапка е уредена со Законот за трговските друштва.

Доколку едно трговско друштво одлучи за промена на управител, тогаш треба да се подготват неколку потребни акти кои се доставуваат во Централен регистар. Целата постапка се води исклучиво во електронска форма.

Потребни документи за промена на управител:

Со цел промена на Управител, од страна на Друштвото треба да се донесат следните акти:

  • Одлука за промена на управител
  • Одлука за измена на договорот за основање (во случај на ДОО)
  • Одлука за измена на изјавата за основање (во случај на ДООЕЛ)
  • Пречистен текст на договорот за основање (во случај на ДОО)
  • Пречистен текст на изјавата за основање (во случај на ДООЕЛ)
  • Изјава по член 32 од ЗТД
  • Изјава 183 од ЗТД
  • ЗП – образец
  • Копија од лична карта од новиот управител

Напомена:  Доколку постапката за промена на управител пред ЦР на РСМ се води од Адвокат, тогаш потребни се соодветни полномошна за водење на постапката за промена на управител пред Централен регистар.

Откако ќе се подготват потребните документи, истите скенирани и електронски потпишани со дигитален сертификат, со квалификуван електронски потпис се поднесуваат во ЦР на РСМ.

Поднесување во Централниот регистар на РСМ

Поднесувањето преку Системот за е-регистрација на Централниот регистар се прави преку страницата на ЦРРСМ, односно на следнава страница – https://www.crm.com.mk/

Самиот систем го води подносителот во постапката, од прикачување на потребните прилози, до извршување на потребните промени.

Откако ќе се заврши последниот чекор, пријавата оди кај надлежно лице во Централниот регистар, кој одлучува по истата. Доколку има грешки во пријавата, надлежното лице електронски го враќа предметот на корекција и остава рок од 5 дена за извршување на корекцијата.

Напомена: Согласно тарифата, Централниот регистар наплаќа износ од 1.657,00 денари со цел упис на промена на управител. Откако ќе се извршат потребните корекции, пријавата повторно се поднесува до надлежното лице на одлучување.

При позитивно одлучување за упис на промената по поднесената пријата за промена на управител, Централен регистар издава Решение за упис на промени и нова тековна состојба на Друштвото. Решението и тековната состојба можат да бидат издадени во хартиена или електронска форма. Со издавањето на овие документи, постапката за промена на управител завршува.

Закажете состанок со нашиот тим

Blogu informues

To top