Адвокатската канцеларија Aleksov & Memishi – Адвокат Дејан Алексов Скопје, со седиште на ул. Железничка, бр. 30/1 е посветена на испорачување на висококвалитетни правни услуги. Меѓутоа, доколку не сте задоволни со нашите услуги, во овој правилник можете да ги најдете условите под кои можете да побарате целосно или делумно враќање на Вашите средства.
Кои услуги се подобни за рефундирање на средства?
Можете да побарате рефундирање на Вашите средства за сите услуги кои се нецелосно или се воопшто не испорачани од страна на адвокатската канцеларија освен за оние услуги кои со овој правилник е предвидено дека не се подобни за рефундирање на средства. За услугите кои се делумно испорачани од страна на адвокатската канцеларија можете да барате сразмерно и пропорционално враќање на Вашите средства.
Адвокатската канцеларија согласно интерните правила и процедури, има дискреционо право да одлучи дали ќе дозволи целосно или делумно рефундирање на средствата или Барањето за рефундација ќе го одбие.
За кои услуги не можете да барате рефундирање на средствата?
Не можете да барате рефундирање на средствата за следните услуги:
- За сите услуги кои биле целосно испорачани од страна на адвокатската канцеларија;
- Консултациски услуги дадени на состанок или во вид на писмено изработена консултација (правно мислење);
- Веќе платени услуги за давање правна помош и застапување пред надлежни судови;
- За услуги кои се платени по испорачување на услугата;
Кој е рокот за поднесување на Барање за рефундација на средства?
Рокот во кој можете да поднесете Барање за рефундација на Вашите средства е 15 дена откако била платена услугата или 15 дена од денот кога адвокатската канцеларија требало, а не ја испорачала или нецелосно ја испорачала услугата.
Доколку адвокатската канцеларија процени дека Барањето за рефундација на Вашите средства е оправдано, Вашите средства ќе бидат вратени во рок од 14 работни дена на вашата трансакциска сметка од која сте го извршиле плаќањето.
Кои трошоци не се враќаат?
Сите трошоци во форма на судски такси, административни такси и сл. кои сте ги платиле со цел процесирање на Вашиот предмет се неповратни.
Како можете да поднесете Барање за рефундација на средства?
Барањето за рефундација на средствата можете да го поднесете исклучиво на следната е – маил адреса: advokat@almelaw.com
Во Барањето потребно е да ги наведете следните работи:
- Поради која причина барате да Ви бидат рефундирани средствата;
- Колкав износ барате да Ви биде рефундиран;
- Да се повикате на фактурата која ја имате платено;
- Да наведете датум на Барањето;
Право на измена и дополнување на овој Правилник
Адвокатската канцеларија во целост го задржува правото да прави измени и дополнувања на овој Правилник.
Новите измени и дополнувања соодветно ќе бидат објавени на нашата веб страница, а Вие сте должни повремено да ја проверувате содржината на овој Правилник за да бидете во тек со неговата содржина.