Стартап закон во Латвија

04.07.2019

На почетокот од 2017 година бил донесен стартап закон во Латвија, како мерка на владата за подобрување на стартап екосистемот. Согласно законот, поимот стартап се дефинира како иновативен скалабилен (прогресивен) бизнис со голем економски потекцијал. Во овој закон се разработени следните три механизми за поддршка на стартапите во почетните фази на развој.

1. Низок рамен данок

Секоја друга фирма во Латвија плаќа данок по вработен во висина од 35,09% од неговата плата. За стартапите, овој данок изнесува 301.77 евра, независно од визината на платата. Оваа сума е добиена како 35,09% од плата која е двојно повисока од минималната, што значи дека основачот на стартап компанијата заштедува доколку неговите вработени земаат месечни бруто плати кои се повисоки од 860 евра (минималната плата во Латвија изнесува 430 евра).

2. 0% данок на приход

Од 2018 година, личниот данок на приход е прогресивен и се пресметува како 20%, 23% или 31.4% од приходите остварени од вработување или други добивки, освен капитални, но вработените во стартап компанија се потполно ослободени од плаќањето на овој данок.

3. 45% кофинансирање за висококвалификувани вработени

Владата враќа 45% од трошоците за платата и данокот за вработените кои исполнуваат барем еден од условите:

  • Имаат завршено мастер или докторски студии од областите: природни науки, математика, информатичка технологија, инженерство, производство и преработка, дизајн:
  • Минимум 3 години работно искуство во некоја од горенаведените области.

Стартап компанијата која сака да ги користи придобивките од овој закон треба да избере модел на користење на првите две, или третата придобивка.

За какви стартапи важи законот?

Стартап компанијата која може да ги искористи придобивките од овој закон ги исполнува следните услови:

1.Да има добиено инвестиција од квалификуван инвеститор. Квалификуван инвеститор може да  биде инвестициски фонд, бизнис акцелератор или бизнис ангел.

стартап закон во Латвија - qualified investor

2. Основана е пред помалку од 5 години.

3. Кумулативниот приход од денот на регистрација на фирмата е помалку од 5 милиони евра.

4. Годишниот приход во првата и втората година од постоењето на фирмата е под 200000 евра. (Ако фирмата постои повеќе од 2 години, не е потребно исполнување на овој услов).

5. Нема дистрибуција на дивиденда од денот на регистрација.

6. Нема реорганизација, партнерство со други фирми или трансфер на компанијата или нејзини делови.

7. Даночниот долг на стартап компанијата не надминува 150 евра.

8. Исполнет е барем еден од следните услови:

– фирмата поседува интелектуална сопственост која е поврзана со бизнис идејата,

– барем 70% од вработените имаат завршено мастер или докторски студии,

– барем 50% од трошоците на фирмата се за истражување и развој (R&D activities).

9. Не е во фаза на банкрот.

Што е потребно за апликација?

Во прилог на пополнетата форма за апликација, потребни се и потврди за исполнување на горенаведените услови, кои вклучуваат финансиски извештаи, потврди за инвестиција, потврда за реализација на иновативните аспекти. Доколку стартап компанијата сака да го искористи бенефитот за враќање 45% од трошоците за висококвалификувани вработени, треба да достави копија од нивна диплома за највисокото завршено образование или CV со наведено работно искуство.

Информативен блог

To top