Sorry, this entry is only available in English.
Влез
Нема продукти во Кошничката.
Специјализација за:
Био
Дејан Алексов е адвокат од 01.01.2017 година кога ја основа адвокатската канцеларија Алексов, која во 2022 година во партнерство со адвокат Артан Мемиши прераснува во адвокатска канцеларија Алексов и Мемиши.
Во 2016 година заедно со неколку ко-основачи ја регистрираат непрофитната организација Стартап Македонија, која има за цел да го олесни вмрежувањето меѓу сите стартап учесници и да поттикне нивна соработка. Од 2018-2021 е претседател на Стартап Македонија, а од 2021 па наваму е дел од управниот одбор и работи на подобрување на регулативата за стартап компании (воведување на конвертибилен заем, закон за бизнис ангели, воведување нов вид на трговско друштво, друштво со променлив капитал).
Од 2017 година е автор на It.mk – портал за информатичка технологија, на која редовно пишува информативни содржини поврзани со регулативата, информатичката технологија и стартап заедницата.
Во 2023 година е избран за go-to tech lawyer од регионалниот портал за иновации за централна и источна Европа – The Recursive.
Дејан учествува на повеќе настани организирани од заедницата како говорник или ментор на компании, меѓу кои настаните на Стартап Викенд, Финтек Академија, Глобална недела на претприемништво и сл.
Специјализација за:
Био
Артан Мемиши, адвокат во Адвокатска канцеларија Алексов & Мемиши. Артан е член на адвокатската комора на Северна Македонија од 01.10.2020 година со бр. на лиценца 4575.
Тој раководи со оделот за имиграционо право и права на странци, а исто така специјализира во трговско право, трудово право – работни односи, како и во правата од интелектуална сопственост. Како лиценциран застапник за заштита на правата од индустриска сопственост, тој носи експертиза на своите клиенти, водејќи ги низ комплексноста на заштитата на трговски марки, дизајни и иновациите.
Артан е ангажиран во поттикнувањето на претприемништвото и иновациите во неговата заедница, како ментор на старт-ап викендот во Охрид. Неговиот придонес како ментор ја одразува неговата страст за поддршка на новите бизниси и негување на таленти, истакнувајќи ја неговата посветеност за стартап заедницата.
Во областа на Трудовото право – работни односи, тој советува и застапува многу национални и меѓународни компании, особено во ИТ секторот, обезбедувајќи правна поддршка во изготвување на сложени документи како и застапување во спорови со работни односи. Артан има работено на повеќе од 100 судски работни спорови, каде што покажува успех застапувајќи ги клиентите.
Една од областите во фокус е имиграционото право и правата на странците. Експертизата на Артан вклучува адвокатски услуги за странци во врска со добивање на дозвола за престој и работни дозволи во Северна Македонија како и добивање и отпуштање од македонското државјанство.
Покрај неговата експертиза за имиграционо право и деловно право, Артан е добро упатен со процесот на затворање на компании преку стечај или ликвидација.
Артан зборува албански, македонски и англиски.
Области на специјализација:
Био
Започнувајќи од 01.04.2022 година Кристијан работи како стручен соработник во адвокатска канцеларија Алексов и Мемиши каде што започнува со изготвување на документи за основање на трговски друштва, поднесување на различни апликации за промени во трговските друштва пред ЦРМ како и состав на потребна интерна документација на трговските друштва со цел нивна усогласност со Законот за работните односи.
Кристијан работи и на постапки за наплата на долгови, оставински постапки, состав на различни договори во согласност со Законот за облигационите односи како и опсежно истражување на одредена област за состав на писмени правни мислења.
Истражувајќи ја проблематиката за заштита на личните податоци во согласност со Регулативата за заштита на лични податоци како и Законот за заштита на лични податоци, започнува со изработка на интерни акти со кои компаниите во Македонија ги регулираат своите интерни процеси и усогласеност со заштитата на лични податоци. Поврзано со ова, за компаниите кои се присутни со своја веб страна, Кристијан изработува Политика за приватност, Политика за колачиња како и Услови за употреба на веб страна кои се важни документи со цел усогласеност со ЗЗЛП.
Кристијан специјализира и во изработка на договори за развој на софтвер, договори за развој на нови функционалности во постоечки софтвер како и договори за поддршка и одржување на софтвер.
Во 2023 година има учествувано како ментор на хакатон организиран од страна на #Ways2Help каде што со своите правни совети и критики придонесува за правна усогласеност на идеите развивани од тимови.
Од 01.05.2024 година започнува да работи како адвокат во адвокатската канцеларија со број на лиценца 4940.
Области:
Био
Јелица Мелова од 23.06.2023 година е магистер од областа на кривичното право на факултет Јустинијан Први при УКИМ. Од 15.11.2022 година е приправник во Адвокатска канцеларија Алексов и Мемиши, каде се усовршува за полагање на правосуден испит. Зборува англиски што воедно ја олеснува работата при комуникација со странци. Има учествувано на предавања од областа на работни односи организирани од Juridica, како и на судења во основен кривичен суд Скопје организинирани од правна клиника на правниот факултет Јустинијан Први. Учествува во дискусиите за book club кои редовно се одржуваат во адвокатската канцеларија, како и споделување на знаења од разни теми на know-how сесиите при адвокатската канцеларија. Споделени знаења на теми: Жртви на семејно насилство, Сурогатство во САД, Развод во РСМ, Смртна казна во македонското право.
Области:
• Интернационални даночни импликации;
• Меѓународни даночни аспекти на бизнис трансакции;
• Даночно планирање;
• Усогласеност и извештаи согласно даночни закони;
• ДДВ, капитална добивка, персонален данок на доход и останати даноци;
• Инвестиции и даноци;
Био
Амел Муриќ е надворешен соработник за даночни работи. Тој е сметководител и ко-основач на Pro Business MS. Неговата експертиза е во различни даночни области кои го опфаќаат домашното даночно право и меѓународното.
Со активно познавање и практикување на регулативата поврзана со ДДВ; Данок на капитална добивка, Данок на персонален доход и сл, на нашите клиенти им обезбедуваме поддршка за даночно планирање и усогласено даночно работење согласно важечките закони, при водењето на нивните компании.
Области:
Био
Павлина е надворешен соработник на адвокатската канцеларија Алексов и Мемиши која со своето познавање од областа на работата на нотарите придонесува за полесно спроведување на клиентите кои имаат потреба за било каква услуга која е поврзана со нотарите.
Со своето неколкугодишно искуство во работите поврзани со Законот за нотаријатот, Павлина работи во областите на најразлични заверки, солемнизации на договори, оставински постапки и други области поврзани со работата на нотарите.
Во секојдневното работење, преку соработката на Павлина со нашата канцеларија, нашите клиенти добиваат комплетни услуги.
Области:
• Состав на информативни содржини од домашната и меѓународната регулатива за клиентите
• Управување со профилите на социјалните медиуми на адвокатската канцеларија
• Личноста позади дигиталниот асистент – „Лекси“
• Електронски билтен со новости од законодавството за клиентите
Био
Мила Мишовска е соработник за информативни содржини, чија цел е правните и комплексни информации да ги направи лесно разбирливи за клиентите.
Мила исто така ги одржува профилите на социјалните медиуми на канцеларијата, споделувајќи најразлични новости од активностите во канцеларијата.
Ако некогаш сте гледале некое видео од дигиталниот асистент „Лекси“, Мила е личноста која ги создава овие видеа со цел на едноставен и лесен начин да пренесе кратки информации од регулативата.