Странски директни инвестиции во Македонија

11.12.2023

Странски директни инвeстиции (СДИ) се форма на движење на капиталот од една во друга земја со која извозникот на капиталот се стекнува со учество од над 10% во сопственоста на странското претпријатие. Овие инвестиции служат како моќен фактор за економски раст, потпомагајќи соработка и откривање нови патишта за развој.

Основи за странски инвестиции во Македонија

  • Основање на трговски друштва во целосна сопственост
  • Зголемување на главнината на друштвото во целосна сопственост
  • Стекнување на трговско друштво во целосна сопственост
  • Основање на подружница
  • Учество во постојано друштво или здобивање со повеќе од 10% од основниот капитал на друштвото односно со повеќе од 10% од правото на одлучување
  • Долгорочен заем наменет за трговско друштво во целосна сопственост на нерезидентот
  • Долгорочен заем за воспоставување на трајна економска поврзаност меѓу економски поврзани субјекти

СДИ поддржуваат создавање нови работни места и економски раст преку директни, индиректни и индуцирани ефекти врз домашната економија. Директните ефекти се поврзани со економските активности на странските компании. СДИ имаат големо значење во развојот на економските движења во земјите, особено во земјите во развој. Преку овие инвестиции се врши трансфер на современа технологија, се унапредува процесот на производство, подобро се искористуваат производните капацитети, а се пренесуваат и знаења за современа организација на работата. Преку СДИ се овозможува креирање на нови работни места и специјализација на работниот кадар, што доведува до намалување на невработеноста и до зголемување на продуктивноста на работната сила.

Постапка и обврска за упис во Централен Регистар

Централниот регистар врши упис на вложувања на резидентите во странство и на нерезиденти во РМ и сите натамошни измени на вложувањата кои се сметаат за директни инвестиции во Регистарот на директни инвестиции на резиденти во странство, односно во Регистарот на директни инвестиции на нерезиденти во Република Македонија, за што издава потврда за извршен упис и на секоја натамошна измена на директната инвестиција. 

Постапката се одвива во неколку чекори:

  • Директната инвестиција се реализира со вложување во пари, предмети и права. 
  • Директната инвестиција се пријавува на Пријава – Образец ДИН или ДИР. 
  • Со секоја пријава (прв упис или промена) нерезидентот или резидентот е должен да го достави правниот основ за настанување на инвестицијата односно промената. 
  • Со пријавата за упис се поднесуваат и потребните прилози
  • Како валиден и основен доказ кога инвестицијата се реализира во пари е трансферот на парите да е извршен преку банка на пропишаните обрасци од Народната банка на Република Македонија
  • Кога инвеститорот- нерезидент вложува во акции во акционерско друштво, доказ се документите од берза за берзанската трансакција, од Централниот депозитар за хартии од вредност и од Комисијата за хартии од вредност. 
  • Кога инвестицијата се реализира во предмети, како валиден и основен доказ е царинската декларација за увоз односно извоз на предметите (опрема исл.) , фактури – доколку предметите се подвижни, додека за недвижниот имот доказ е имотниот лист.

Закажете состанок со нашиот тим:

 

Информативен блог

To top