Дејан Алексов

20.03.2024
  • Адвокат, број на лиценца 3981 со прием во адвокатска комора на 01.01.2017 година
  • Овластен регистрационен агент
  • Ко-основач и член на управен одбор на Стартап Македонија
  • Автор на it.mk
  • Ментор на Стартап Викенд, Fintech Академија и активен учесник во стартап заедницата
  • Учесник во работни групи за подобрување на регулативата за трговски друштва (воведување на конвертибилен заем, закон за бизнис ангели, предлог иницијатива за воведување друштво со променлив капитал – ДПК)

Специјализација за:

  • Регулатива и информатичка технологија;
  • Заштита на лични податоци (GDPR);
  • Инвестициски постапки за ангели инвеститори, акцелератори и фондови на ризичен капитал;
  • Стартап компании и регулатива;
  • FinTech и регулатива (платежни услуги и платни системи, PSD2);
  • Договори за развој на софтвер и одржување

Био

Дејан Алексов е адвокат од 01.01.2017 година кога ја основа адвокатската канцеларија Алексов, која во 2022 година во партнерство со адвокат Артан Мемиши прераснува во  адвокатска канцеларија Алексов и Мемиши.

Во 2016 година заедно со неколку ко-основачи ја регистрираат непрофитната организација Стартап Македонија, која има за цел да го олесни вмрежувањето меѓу сите стартап учесници и да поттикне нивна соработка. Од 2018-2021 е претседател на Стартап Македонија, а од 2021 па наваму е дел од управниот одбор и работи на подобрување на регулативата за стартап компании (воведување на конвертибилен заем, закон за бизнис ангели, воведување нов вид на трговско друштво, друштво со променлив капитал).

Од 2017 година е автор на It.mk – портал за информатичка технологија, на која редовно пишува информативни содржини поврзани со регулативата, информатичката технологија и стартап заедницата.

Во 2023 година е избран за go-to tech lawyer од регионалниот портал за иновации за централна и источна Европа – The Recursive.

Дејан учествува на повеќе настани организирани од заедницата како говорник или ментор на компании, меѓу кои настаните на Стартап Викенд, Финтек Академија, Глобална недела на претприемништво и сл.

Информативен блог

To top