Услови за користење на веб страницата almelaw.com

Добредојдовте на нашата веб страница,

Веб страницата https://almelaw.com/ е презентациска страница на адвокатската канцеларија ‘’Law Office Aleksov & Memishi’’ основана во 2017 година со седиште во Скопје. Адвокатската канцеларија ‘’Алексов и Мемиши’’ оперира на македонскиот пазар 7 години и во моментот на донесување на овие Услови за користење брои тројца адвокати, еден адвокатски приправник, соработник за прашања од областа на интернет споделувањето и неколку надворешни соработници од областа на сметководството и нотарски прашања.

Овие услови за користење претставуваат целосен и интегрален дел на правно обврзувачки договор помеѓу нас и корисниците на оваа веб страница.

Со пристапувањето и користењето на оваа веб страница правно сте обврзани со овие Услови за користење. Доколку не се согласувате со содржината на овие Услови за користење, Ве молиме да не ја посетувате и користите нашата веб страница.

  1. Информативна содржина на оваа веб страница

Нашата веб страница содржи информативна содржина во форма на информативни блогови пишувани од нашите адвокати и приправници кои не претставуваат никаков правен совет и се исклучиво од информативен карактер.

Било каков друг текст на нашата веб страница, други страници креирани од наша страна, прашалници и др. се со информативна содржина и не претставуваат било каков правен совет.

Нашата канцеларија се оградува од било каква штета која би можела да произлезе доколку самостојно постапувате или преземете активност базирана на информативната содржина на оваа веб страница.

  1. Линкови кон страници на трети лица

Нашата веб страница може да содржи линкови кои упатуваат кон страници на трети лица. Секоја од тие страници има засебни Услови за користење и Политики за приватност кои можат значајно да се разликуваат од овие Услови за користење кои се применуваат на нашиот веб сајт. Ние немаме никаква контрола врз тие веб страници и не сносиме никаква одговорност како за нивната достапност, така ниту за нивните услови за користење и за начинот на кој тие ги обработуваат Вашите лични податоци.

Доколку со линковите кон страниците на трети лица овозможиме пристап до информации на друг давател на услуги, не сносиме никаква одговорност во врска со тие информации и пружањето на услугите од негова страна.

Поставувањето на линкови кон страници на трети лица на нашата страница во ниту еден случај не подразбира дека препорачуваме или одобруваме услуги или производи кои се нудат преку тие страници.

  1. Заштита на интелектуалната сопственост

Сите материјални на нашата веб страница, вклучувајќи ги но не ограничувајќи се на логоа, блогови, прашалници и тестови за правна изложеност на компании, слики, видеа, брошури, текстови, материјали и видеа на наши посебни (landing pages) се во исклучива интелектуална сопственост на нашата канцеларија.

Било каква неовластена употреба на материјалите на нашата веб страница или употреба на делови од материјалите на нашата веб страница, логото, нашиот назив без наша дозвола претставува прекршување на нашата интелектуална сопственост. За да ја заштитите нашата интелектуална сопственост доколку е прекршена ќе ги преземеме сите правни средства кои ни стојат на располагање одма после дознавањето за неовластена употреба.

Секое копирање или преземање на материјали од нашата веб страница, дали во целост или дел, дозволено е само доколку имате писмена согласност од наша страна.

Ги задржуваме сите права на интелектуална сопственост врз материјалите кои не се изрично споменати од наша страна во овие Услови за користење.

  1. Употреба на нашиот назив и лого

Употребата на нашето деловно име, заштитен знак и лого не е дозволено освен во согласност со Законот и овие Услови за користење.

  1. Промени во содржините на веб страницата

Го задржуваме правото во било кое време да ги менуваме и ажурираме содржините на веб страницата, да додаваме или бришеме блогови поради што повремено страницата може да биде недостапна за користење.

  1. Изјава за одрекување од одговорност

Информациите на нашата веб страница, како што се материјалите, вклучувајќи ги но не ограничувајќи се на блоговите и новостите се обезбедени без паричен надоместок од наша страна и служат само за информативни цели. Иако информациите се дадени со добра верба и со напор да бидат прецизни и точни, тие не претставуваат никаков правен или професионален совет.

Не сносиме било каква одговорност за било каква загуба или штета настаната во врска со употребата на информации, материјали и/или мислења од нашата веб страница вклучувајќи, но не ограничувајќи се на:

  • Било какви загуби или штети кои не се предизвикани од наша страна, деловни загуби, загуба на профит, загуба на податоци, загуби во производство, загуба на комерцијални или бизнис можности, заштеди или попусти, индиректни, последични или посебни загуби или штети, вклучувајќи ги било кои загуби или штети кои биле предвидливи во времето на донесување на овие Услови за користење, било кои загуби настанати на ваши софтверски програми, платформи или податоци, кои настанале во врска со употребата на нашата веб страница.

 

  1. Ништовност на некоја одредба во овие Услови за користење

Доколку надлежен суд или одредено надлежно тело утврди дека било кој дел или одредба во овие Услови за користење е ништовна или неприменлива ова нема да влијае на полноважноста на останатите одредби од овие Услови кои ќе продолжат да се применуваат во целост.

Таквата ништовна одредба ќе биде преработена за да ја постигне целта заради која била донесена и да биде во согласност со правните прописи.

  1. Решавање на спорови

Во случај на спор кој произлегува или е во врска со овие Услови за користење исклучиво ќе биде надлежен Основниот граѓански суд во Скопје.

Во случај на спор изразуваме волја најпрво спорот да биде решен по пат на мирни преговори.

  1. Целосност на Условите за користење

Овие Услови за користење и секое нивно изменување сочинуваат интегрален дел и комплетен Договор помеѓу Вас и нас во врска со предметно прашање за користење на веб страницата и ги заменува сите евентуални претходни Договори и разбирања помеѓу Вас и нас во однос на таквото предметно прашање.

  1. Контактирајте не

Сите Ваши конкретни правни прашања можете да ги упатувате на нашите адвокати и приправници за кои можете повеќе да прочитате во делот ‘’Тим’’ на оваа страница. Вашите прашања можете да ги упатувате директно преку официјалната е-мејл адреса advokat@almelaw.com или можете да закажете состанок преку нашиот календар во делот ‘’Закажи состанок’’.

Имплементирано на 24.06.2024 година

 

Информативен блог

To top