Закон за вештачка интелигенција (Ai) во ЕУ од 01.08.2024

06.08.2024
регулатива вештачка интелигенција еу

Закон за вештачка интелигенција – во сила

На 01 Август 2024 во ЕУ во сила влезе Закон (регулатива) за вештачка интелигенција (Аi).

Законот ќе биде со целосна примена после 2 години, меѓутоа делови од законот ќе бидат со примена во различни периоди.  После 6 месеци ќе се применуваат одредбите за забранетите дејствија. После 12 месеци одредбите и правилата за generative Ai.  После 36 месеци правилата за Ai системи ембедирани во регулирани продукти.

За да се фасилитира транцизицијата кон примената на оваа регулатива, Комисијата на ЕУ, го лансира и „ВИ пактот“. Ова е волонтерска иницијатива кон која треба да се приклучат организации и девелопери кои даваат поддршка кон идната имплементација на регулативата. До сега се приклучени околу 550 организации кон истата.

Законот за вештачка интелигенција е дел од „ВИ иновацискиот пакет на ЕУ„ и „Координативниот план за вештачка интелигенција“ ажуриран во 2021 година кој цели да:

  • Ги зголеми и забрза инвестициите во ВИ во ЕУ;
  • Целосно ги имплементира ВИ стратегиите и програмите, со цел ЕУ да биде пионер во оваа сфера;
  • Да ги постави правилата и законите за ВИ кои ќе адресираат глобални предизвици;

Комисијата предложила минимален износ од 1 една милијадра евра, годишна инвестиција од програмите на Хоризонт Европа и Дигитал Европа кои биле реализирани во 2021 и 2022. До септември 2023 од ЕУ се инвестирани 4.4 милијада евра во вештачка интелигенција според извештајот на ЕУ.

Предводник е Италија со инвестирани 1.8 милијадри евра, а по неа следи Шпанија со инвестирани 1.2 милијарди евра.

Што предвидува законот за вештачка интелигенција?

Законот предвидува 4 нивоа на ризик:

  • Минимален ризик
  • Ограничен ризик
  • Висок ризик
  • Недозволен ризик

1. МИНИМАЛЕН РИЗИК

Системите за ВИ со минимален ризик, ќе имаат слободна употреба. Тука ќе спаѓаат апликации како филтри за спам со ВИ, видео игри со ВИ и сл. За ваквите системи, регулативата не предвидува посебни одобренија или процедури.

2. ОГРАНИЧЕН ИЛИ СРЕДЕН РИЗИК

Овие ризици се поврзани со транспарентноста и информирањето на корисниците. На пример, доколку некој корисник е во интеракција со некој чат бот со вештачка интелигенција истиот ќе треба да биде известен со можност да одбере дали да продолжи со интеракцијата. Исто така се предвидува обврска за идентификување на содржина генерирана со вештачка интелигенција.

Ова значи дека текстови генерирани со вештачка интелигенција или аудио и видео материјали, ќе треба да бидат соодветно обележани дека се создадени со ВИ.

3. ВИСОК РИЗИК

Со висок ризик ќе се сметаат системи со вештачка интелигенција во:

  • критична инфраструктура (на пр. транспорт), која може да го загрози животот и здравјето на граѓаните;
  • образовна или стручно-професионална обука, која може да го одреди пристапот до образование и професионалниот тек на нечиј живот (на пр. оценување на испити);
  • безбедносни компоненти на производи (на пр. AI примена во роботски асистирани операции);
  • вработување, управување со работници и пристап до самовработување (на пр. софтвер за сортирање на CV за процедури за вработување);
  • основни приватни и јавни услуги (на пр. кредитно оценување кое ги лишува граѓаните од можноста да добијат заем);
  • спроведување на законите кое може да ги наруши основните права на луѓето (на пр. оценување на веродостојноста на доказите);
  • управување со миграција, азил и гранична контрола (на пр. автоматизирано испитување на визи);
  • администрација на правдата и демократските процеси (на пр. AI решенија за пребарување на судски пресуди).

За овие системи ќе постои посебна постапка за проверка и одобрување, пред да бидат пуштени во употреба.

4. НЕДОЗВОЛЕН РИЗИК ИЛИ ЗАБРАНЕТИ

Сите системи на вештачка интелигенција кои се сметаат за јасна закана за безбедноста, животите и правата на луѓето се забранети, од социјално оценување од страна на владите до играчки кои користат гласовна асистенција и поттикнуваат опасно однесување.

Закон за вештачка интелигенција

Ai generated photo with openart.ai

 

ТОП 3 ЕУ СТАРТАПИ КОИ СЕ ЗАНИМАВААТ СО В.И.

Според tech.eu водечки стартап компании кои земале инвестиција во ЕУ и кои се занимаваат со вештачка интелигенција се:

3 – трето местоHelsing. Стартап компанија од Германија, со седиште во Минхен. Обезбедена серија Б со инвестиција од 209 милиони евра.

2 – второ местоMinstral AI. Стартап компанија од Франција. Обезбедени 385 милиони евра инвестиција во серија А. Неодамна овој стартап склучил партнерство со Микрософт.

1 – прво местоAleph Alpha. Стартап компанија од Германија. Обезбедена серија Б, со инвестиција од околу 500 милиони евра.

Останува да видиме дали напорите на ЕУ во оваа сфера ќе успеат барем малку да се приближат до гигантите од САД.

 

Напомена: Овој текст претставува информативна содржина, пренесена од важечките Закони во Македонија со лично мислење на авторот. Содржината во никој случај и во ниеден дел не треба да се смета за стручен совет.

 

ЗАКАЖИ СОСТАНОК СО НАШИОТ ТИМ

закажи состанок

Информативен блог

To top