Login
Регистрација во ЦРМ; Печати; Отворање на банкарски сметки; Состав на почетните типови на Договори
Изготвување на term sheet, табела со капитал, договор за инвестирање, договор за содружништво, договор за конвертибилен заем
Продажба на компанијата или на дел од уделите кон заинтересирани купувачи, по создавањето на успешен стартап
Затворање на компанијата во случај на неуспех на пазарот и бришење од ЦРМ
Кратка брошура наменета за сите млади старт ап компании кои првпат се среќаваат со инвестиција од бизнис-ангел или акцелератор. Тука ќе ги најдете основните правни документи и одредби кои вообичаено се среќаваат во процесот на „затворање на инвестицијата“.
7 години активно работиме во областите на правото на трговските друштва што ги вклучува и стартап компаниите. Нашите клиенти се компании кои работат на иновации во полињата на развој на софтвер, дигитализација, маркетинг и дизајн. Работејќи на различни предизвици, сфативме дека е потребно да создадеме сеопфатна услуга која ќе ги опфати сите фази на развој на еден стартап, од отворање на компанијата, до добивање на инвестиција, продажба или ликвидација стартапот.
Адвокатска канцеларија - Алексов и Мемиши е дел од стартап заедницата преку Стартап Македонија и активно учествува во работни групи за законски измени и подобрување на регулативата за стартап компаниите како што се измените за конвертибилен заем (заем што се трансформира во влог, закон за бизнис ангели, нова иницијатива за воведување на друштво со променлив капитал)