Како резултат на процесот на глобализација сите држави во светот се соочуваат со процес на издавање работна дозвола за странци и престој за странци врз основа на работна дозвола, поради што е неопходно ваквата постапка да биде правно регулирана.
Каде се регулирани работната дозвола за странци и престој за странци во Македонија?
Вработувањето странци е постапка која се разликува од постапката за вработување македонски државјани, бидејќи покрај општите услови за вработување, странците треба да исполнат и дополнителни услови. Постапката за вработување странци е уредена со Законот за вработување и работа на странци. Согласно законот, за странец се смета секое лице кое не е државјанин на Република Македонија, како и лицата кои немаат државјанство на ниту една земја (апатриди).
За да може еден странец да се вработи на територијата на Република Македонија неопходно е да му биде издадена работна дозвола и да има регулиран престој во државата во согласност со Законот за странци.
Работна дозвола е документ врз основа на кој домашниот или странскиот работодавач склучува договор за вработување со странец. Работната дозвола за прво издавање е со рок од шест месеци, после првото продолжување се издава со рок од една година.
Закони што го регулираат вработувањето на странец и престој на странец во Македонија нa линкот: Република Северна Македонија – Министерство за внатрешни работи (mvr.gov.mk)
Надлежен орган за издавање и продолжување на работни дозволи (позитивни мислења вработување и проолжување на вработувања) е Агенцијата за вработување. Работната дозвола за прво издавање е со рок од шест месеци, после првото продолжување се издава со рок од една година.
Потребни документи за вработување и дозвола за престој на странец во
Македонија
Со цел комплетирање на апликацијата, потребно е да се соберат следните документи:
- Обезбедување документи од кривичната и казнената евиденција на матичната држава настранецот – обезбедување соодветно уверение од матичната држава на странецот декапротив него не се водат кривични постапки и дека не е осудуван.
- Доказ за здравствено осигурување – за да добие работна дозвола, странецот мора даприложи и доказ дека е здравствено осигуран во матичната држава или да има приватнаполиса за здравствено осигурување.
- Приложување на дипломи, уверенија и препораки – во апликацијата за работна дозволапотребно е да се приложат и сите дипломи и уверенија од образовниот процес на лицето,како и препораки, доколку има, од претходните работодавци.
- Копија од валиден пасош, заевероно – верно на оригинал – покрај сите веќе наведенидокументи, лицето мора да приложи и копија од својот пасош, заверена на нотар.
- Договор за закуп – заверен на Нотар, со кој ќе се регулира неговото живеалиште тука.
- Договор за вработување со компанијата каде ќе се вработи или со својата компанија
Доколку странецот не е физички присутен во моментот на поднесување на документите за издавање работна дозвола, тогаш неопходно е тој претходно да даде полномошно за оваа постапка на лицето кое во негово име ја започнува процедурата за работна дозвола.
Од што се состои овој процес?
За да се добие работна дозвола потребно странецот да основа своја компанија во Република
Македонија во која ќе биде вработен или пак да се вработи во веќепостоечка компанија. Притоа, странецот треба да обезбеди доказ за регистрацијата на компанијата и/или договор за вработување помеѓу странецот и компанијата, како и објаснување за потребата од работна дозвола.
Откако сите документи ќе бидат комплетирани, истите треба да се однесат во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, конкретно во одделението за странци. Документите ги поднесува самиот странец или пак од него ополномоштено лице. Времетраењето на постапката е најмногу 90 дена од денот на поднесување на документите.