Пристап до финансии за стартапи во С.Македонија

21.07.2020

Повеќе од половина од вработувањата во С. Македонија се од мали или средни претпријатија, што им дава нив значајна улога во македонската економија. Главен извор за финансирање на приватниот сектор се банкарските позајмици. Другите извори на финансии се ретки или не се практикуваат од повеќе причини: неинформираност за не-банкарски производи, мала активност на бизнис ангели, несоодветна правна рамка и тн. Стартап компаниите се соочуваат со истите услови за финансирање, а дополнително, потешко е да земат заем од банките немајќи го потребниот степен на ликвидност. Еден од клучните извори за финансирање на стартап компаниите во С.Македонија е Фондот за иновации и технолошки развој.

стартапи финансии бизнис ангели

Препораки од ЕУ

Препораките од ЕУ за подобрување на условите за финансирање на приватниот сектор се основаат на правилно и навремено информирање на претприемачите (или оние кои сакаат да станата претприемачи) за не-банкарските производи за финансирање. Подигнувањето на свеста за други начини на финансирање освен банкарскиот кредит подразбира јасно разбирање на условите и можностите со различните опции за доаѓање до финансии. Исто така, потребно е спојување на компаниите со бизнис ангели за да се подобри меѓусебната комуникација и активноста на мрежите од бизнис ангели.

Предлог законски измени

Една од законските регулативи кои може да претставуваат пречки или да создадат тешкотии за инвеститорите е конвертибилниот заем.

Конвертибилниот заем им овозможува на инвеститорите да изберат дали во иднина сакаат да имаат удел во компанијата, кога реално би можеле да ја проценат вредноста на компанијата. Согласно нашата постоечка регулатива, конвертибилниот заем не е достапна опција за бизнис ангелите.

Повеќе за предлозите за измена на законските регулаиви во насока на подобрување на условите за финансирање од бизнис ангели, може да прочитате во истражувањето „Инвестиции од бизнис ангели во С.Македонија: законска и финансиска анализа“.

Информативен блог

To top