Адвокатска канцеларија Алексов со ново партнерство, нова локација и повик за нови соработки.

12.10.2022

Ребрендирање

По повеќегодишно заедничко работење, нашата канцеларија станува Адвокатска канцеларија Алексов & Мемиши. Ги известуваме нашите клиенти, соработници и пријатели дека со ова ребрендирање на нашата адвокатска канцеларија, продолжуваме и понатаму да пружиме поддршка во сите правни аспекти кои го засегаат нивниот бизнис. Во процес сме на подготвување на нови и сеопфатни адвокатски услуги кои за брзо време ќе можеме да ги понудиме на нашите клиенти.

Нова локација

Неодамна ги преселивме нашите канцеларии на нова локација: ул. Јордан Мијалков бр.30 стан 1 Центар.
Добредојдени сте да нѐ посетите. Ќе правиме адвокатско кафенце.

Проширување на тимот

За нашите сегашни и идни приправници изработивме детален Прирачник за приправници, со цел да им го олесниме работењето. Во него ќе ги најдат сите потребни процеси и видови на документи со кои ќе се сретнат додека се на приправничката позиција.
За подобрување на работната мотивација, подготвивме и план за раст за секој нов приправник, кој се заснова на евалуација на успешни резултати.

Отворена е нова приправничка позиција, со цел да го збогатиме нашиот тим со нови членови. Сите заинтересирани можат да аплицираат со праќање на CV на advokat@aleksov.mk

Иновирање во адвокатската работа

Ние сме тим кој се образува и работи во чекор со дигитализацијата, па затоа чувствуваме потреба од иновација во адвокатурата со користење на технологијата. Силно веруваме дека технологијата, како во било која друга индустрија, може многу да го подобри квалитетот на работењето на адвокатите, брзината на подготвување на документација, комуникацијата со клиентите и многу други процеси кои се дел од нашите секојдневни обврски.

Пред неколку години бевме дел од иницијативата и хакатонот на WeTalkIT и Skopje Legal Hackers, каде што за еден викенд се создаде правниот калкулатор. Калкулаторот во неколку клика генерира трошоци во постапки, за кои инаку би ни требало повеќе време за да ги пресметаме (пребарување низ адвокатска тарифа, нотарска тарифа, судски такси и сл.)

Најавуваме дека сме во процес на подготвување на уште неколку алатки кои ќе ги ставиме на располагање на колегите адвокати, преку кои ќе се олесни генерирањето на документацијата која има репетитивни информации.

Техничките документации се подготвени, wireframes и mock-flow се спремни, со што нареден чекор е кодирање.

Ова е повик до сите наши пријатели кои имаат искуство во програмирањето, сакаат предизвик и сакаат да ни помогнат во развојот на овие алатки, да се приклучат кон овој предизвик.

 

Информативен блог

To top