Правен калкулатор е дигитална алатка креирана во 2017 година од организациите We Talk It и Skopje Legal Hackers, со цел да овозможи информации за цените на одредени правни постапки преку едноставно пребарување.
Skopje Legal Hackers е Македонското поглавје на глобалното движење на Legal Hackers – кое на едно место обединува адвокати, креатори на политики, програмери, инженери, академици итн, кои истражуваат и развиваат решенија за некои од најактуелните појави кои се наоѓаат на пресекот помеѓу правото и технологијата.
WeTalkIT е непрофитна и волонтерска заедница, составена од девелопери. Aктивностите на заедницата се структурирани во 4 столбови, меѓу кои, промовирање и поддршка, развој на кариерни можности, споделување на знаења и личен напредок на девелопери во Македонија, како и креирање и имплементирање на проекти кои што се од корист за граѓаните на Македонија.
Кои правни услуги може да се најдат на овој правен калкулатор?
Оваа алатка ги предвидува цените на одредени правни постапки: купопродажба на недвижен имот, купопродажба со хипотека, купопродажба на возило, присилна наплата на фактури, преддоговор за купопродажба на недвижности, купопродажба со залог на недвижна ствар, нотарски акт – меница, промени во ЦРСМ, согласно со тарифата утврдена од Адвокатската Комора. Во формите за внесување податоци има можност за додавање дополнителни параметри кои придонесуваат за попрецизно предвидување на цената. Некои од тие параметри се: број на странки вклучени во процесот, дали има потреба од судски превод на одредени документи, дали треба да се изврши препис на оригинални документи, број на правни лица кои се вклучени во процесот, дали некои од учесниците во процесот е странски државјани и слично.
Правилна употреба и точна информација
Мотивот за создавање на овој правен калкулатор е во намерата да им се доближат овие информации на граѓаните на јасен и пристапен начин. Сепак, реалната цена за услугата којашто би требало да ја плати граѓанинот/правниот субјект често пати се формира врз основа на повеќе фактори кои ја карактеризираат ситуацијата и таа може да се разликува од предвидената цена со калкулаторот. Но, со точно внесување на податоците за параметрите, овие две цени во голема мера се совпаѓаат. Заради тоа, правиот калкулатор може да биде од голема корист за оние коишто сакаат да си ги планираат постапките со точна информација. Се разбира, за понатамошно одвивање на активностите и повеќе конкретни анализи и предвидувања, најважна е улогата на адвокатскиот совет.
Посетете го правниот калкулатор овде: