Промена на седиште на Трговски Друштва

15.10.2019

Промена на седиште за трговските друштва е постапка која се води пред Централниот Регистар на РСМ. Оваа постапка е уредена со Законот за трговските друштва. Доколку едно друштво одлучи за промена на седиште тогаш треба да се подготват неколку потребни акти кои се доставуваат во Централен Регистар. Целата постапка се води исклучиво во електронска форма и преку овластен регистрационен агент – адвокат.

Потребни документи:

Со цел промена на седиште, од страна на Друштвото треба да се донесат следните акти:

  • Одлука за промена на седиште
  • Одлука за измена на договорот за основање (во случај на ДОО)
  • Одлука за измена на изјавата за основање (во случај на ДООЕЛ)
  • Пречистен текст на договорот за основање (во случај на ДОО)
  • Пречистен текст на изјавата за основање (во случај на ДООЕЛ)
  • Изјава по член 32 од ЗТД

Напомена: Доколку постапката за промена на седиште пред ЦР на РСМ се води од Адвокат, тогаш потребни се соодветни полномошна за водење на постапка за промена на седиште пред Централен регистар.

Откако ќе се подготват потребните документи, истите скенирани и електронски потпишани со дигитален сертификат се поднесуваат во ЦР на РСМ.

Поднесување во Централниот регистар на РСМ

Поднесувањето преку Системот за е-регистрација на Централниот регистар се прави преку страницата на ЦРРСМ, односно на следнава страница https://e-submit.crm.com.mk/eFiling/redefault.aspx. Самиот систем го води подносителот во постапката, односно од прикачување на потребните прилози, до извршување на потребните промени.

слика - промена на седиште на трговските друштва

Откако ќе се заврши последниот чекор, пријавата оди кај одговорно лице во Централниот Регистар, кој одлучува по истата. Доколку има грешки во пријавата, одговорното лице електронски го враќа предметот на корекција и остава рок од 5 дена за извршување на корекцијата.

Напомена: Согласно тарифата, Централниот регистар наплаќа износ од 1.657,00 денари со цел упис на промена на седиште. Откако ќе се извршат потребните корекции, пријавата повторно се поднесува до одговорното лице на одлучување.

При позитивно одлучување за упис на промената по поднесената пријата за промена на седиште, Централен Регистар издава Решение за упис на промени и нова тековна состојба на Друштвото со сменета адреса на седиште.Решението и тековната можат да бидат издадени во хартиена или електронска форма. Со издавањето на овие документи, постапката за промена на седиште завршува.

Закажете состанок со нашиот тим

 

Информативен блог

To top