Startup visa Lithuania е една од мерките на владата на Литванија за раст и развој на стартап екосистемот и е наменета за иновативните ентузијасти од земји кои не се членки на Европската Унија. Преку аплицирање за Startup visa, може да се добие дозвола за престој за работа преку поедноставна администрациска процедура од стандардната, благодарение на добрата бизнис идеја. Оние кои сакаат да основаат бизнис во Литванија, а се државјани на земји кои се членки на ЕУ, не треба да аплицираат за работна дозвола, туку да се обратат во Агенцијата за странски директни инвестиции и бизнис развој.
Кој е соодветен апликант за Startup visa?
Оној кој аплицира за Startup visa треба да е единствен или еден од основачите на стартап фирмата која ќе се основа во Литванија.
Апликантите за оваа виза треба да приложат бизнис план за стартап кој е во некоја од следните области:
- биотехнологија,
- нанотехнологија,
- информатичка технологија,
- мехатроника,
- електроника,
- ласерска технологија.
Бизнис планот да биде направен за првата година од работењето и да има обезбедени средства и ресурси за негова реализација. Нема долна граница за финансиската вредност и нема обврска за најден инвеститор. Важно е да има потврда дека постојат финансии за првата година, а инвестиција може да се појави и подоцна.
Времетраење на дозволата за работен престој добиена со Startup visa
Со добивањето Startup visa за основање стартап во Литванија, се добива дозвола за престој во рок од една година, со можност за продолжување на истата за уште една година. Посебно поволен факт е дека оние кои добиле Startup visa може да го поведат и своето семејство да живее во Литванија. За останување подолго од две години, потребно е да се спроведе стандардната постапка за миграција.
Како се аплицира?
Онлајн апликацијата се пополнува со податоци за основачот/ите и професионалноста на тимот кој ќе работи во компанијата, бизнис план и потврда за финансиска сигурност на фирмата за барем една година и стратегија за работа за втората година. Бизнис идејата ја разгледува комисија која се води по следните критериуми:
- Колку е иновативна идејата?
- Колку е скалабилен бизнис моделот?
- Проценка на капацитетот на предложениот тим за почеток и развој на бизнисот
- Анализира на шансите за остварување на планот за првата година и визијата за втората година
- Значајноста на апликантот во тимот
Откако комисијата ќе ја одобри апликацијата, со добиената потврда, се поднесува барање за дозвола за престој во Одделот за миграции во Литванија или во некоја амбасада на Литванија. За оваа дозвола треба да се плати од 114 до 228 евра, во зависност од брзината на услугата. Стартап фирмата треба да биде основана во рок од 30 дена од добивањето на дозволата за престој.
Повеќе за стартап екосистемот во Литванија, може да се види на следново видео: