- Адвокат, број на лиценца 3981 со прием во адвокатска комора на 01.01.2017 година
- Овластен регистрационен агент
- Ко-основач и член на управен одбор на Стартап Македонија
- Автор на it.mk
- Ментор на Стартап Викенд, Fintech Академија и активен учесник во стартап заедницата
- Учесник во работни групи за подобрување на регулативата за трговски друштва (воведување на конвертибилен заем, закон за бизнис ангели, предлог иницијатива за воведување друштво со променлив капитал – ДПК)
Специјализација за:
- Регулатива и информатичка технологија;
- Заштита на лични податоци (GDPR);
- Инвестициски постапки за ангели инвеститори, акцелератори и фондови на ризичен капитал;
- Стартап компании и регулатива;
- FinTech и регулатива (платежни услуги и платни системи, PSD2);
- Договори за развој на софтвер и одржување
Био
Дејан Алексов е адвокат од 01.01.2017 година кога ја основа адвокатската канцеларија Алексов, која во 2022 година во партнерство со адвокат Артан Мемиши прераснува во адвокатска канцеларија Алексов и Мемиши.
Во 2016 година заедно со неколку ко-основачи ја регистрираат непрофитната организација Стартап Македонија, која има за цел да го олесни вмрежувањето меѓу сите стартап учесници и да поттикне нивна соработка. Од 2018-2021 е претседател на Стартап Македонија, а од 2021 па наваму е дел од управниот одбор и работи на подобрување на регулативата за стартап компании (воведување на конвертибилен заем, закон за бизнис ангели, воведување нов вид на трговско друштво, друштво со променлив капитал).
Од 2017 година е автор на It.mk – портал за информатичка технологија, на која редовно пишува информативни содржини поврзани со регулативата, информатичката технологија и стартап заедницата.
Во 2023 година е избран за go-to tech lawyer од регионалниот портал за иновации за централна и источна Европа – The Recursive.
Дејан учествува на повеќе настани организирани од заедницата како говорник или ментор на компании, меѓу кои настаните на Стартап Викенд, Финтек Академија, Глобална недела на претприемништво и сл.