Услови за давање на услуги и користење

Донесен на 28.10.2024 година

Имплементирани на 02.12.2024 година

Услови за давање на услуги и користење

на веб страницата https://almelaw.com/

Добредојдовте во нашите општи услови за давање на услуги и користење на нашата веб страница,

На Ваше барање, канцеларијата Алексов и Мемиши (Aleksov & Memishi) ќе Ви обезбеди професионални правни услуги и ќе биде Вашиот партнер во постигнување на Вашите бизнис цели.

Нашата адвокатска канцеларија работи и оперира на македонскиот пазар, односно под македонската регулатива. Нашите правни и адвокатски услуги и совети можат да се протегаат и надвор од Македонија доколку е тоа побарано од Ваша страна.

Најчест начин на комуникација помеѓу нас и нашите клиенти е по електронски пат, односно по е – маил. Таквата комуникација опфаќа пристигање на барања за работа од клиентите, праќање на наши понуди на барањата од клиентите, комуникации за тековен и иден предмет, давање на правни совети и правни мислења, итн. Како поредок канал на комуникација со нашите клиенти е комуницирањето преку телефон, но истото го користиме доколку е побарано од нашите клиенти.

Склучување на посебен Договор за давање на адвокатски услуги

Доколку процениме дека има потреба, со одредени клиенти и за одредени предмети склучуваме посебен Договор за давање на адвокатски услуги во согласност со овие Општи услови. Со Договорот за давање на адвокатски услуги или Договорот за соработка поблиску ги уредуваме следните работи:

  • Работата, односно предметот кој треба да го работиме во Ваше име и за Ваша сметка;
  • Нашите адвокатски трошоци и надоместоци, односно компензацијата која ќе ја добиеме за давање на нашите адвокатски услуги;
  • Очекуваниот временски период во кој нашата адвокатска услуга треба да биде дадена;
  • Останати елементи кои можат да варираат од предмет до предмет;

Во случај на неусогласеност или противречност на посебниот Договор за давање на адвокатски услуги и овие Општи услови за давање на услуги, предност му се дава на посебниот Договор за давање на адвокатски услуги.

Доколку со одреден клиент не сме склучиле посебен Договор за давање на адвокатски услуги, како Договор ќе се смета комуникацијата разменета електронски по е – мејл, односно се она што се однесува на барањето за работа од клиентот, нашата понуда која ја даваме на клиентот и се останато што е комуницирано по електронски пат.

Грижа за клиенти

Доколку сметаме дека има потреба, а најчесто во случаите на покомплексни предмети ќе Ви доделиме едно главно лице за контакт за сите прашања поврзани со Вашиот предмет. Ваквото лице за контакт може да биде истиот адвокат или соработник кој го работи и води Вашиот предмет, но може да биде и посебно лице кое ќе се грижи само за комуникација со Вас во врска со Вашиот предмет.

Доколку сметаме дека има потреба за назначување на лице за контакт, во тој случај името на тоа лице ќе биде јасно наведено во посебниот Договор за давање на адвокатски услуги.

Советување во врска со работи кои не се поврзани со право

Доколку е од Ваша страна побарано, ние не сносиме никаква одговорност за советување за работи кои не се поврзани со право (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на: деловни, комерцијални, финансиски, технички, сметководствени, осигурителни, даночни, статистички, брокерски, еколошки работи или работи поврзани со информатичката технологија) и Ваша е обврската да одлучите дали документите или советите изготвени или ревидирани од нас ги пресретнуваат Вашите комерцијални цели. Не сме одговорни за точноста на било кој алгоритам на било кој компјутерски модел или било која формула во документацијата.

Надоместок

Освен во случај на поинаков договор, нашиот надоместок се заснова на времето кое го имаме поминато на Вашиот предмет, помножен со стандардната саатница на лицето кое е вклучено во работата. Времето поминато на Вашиот предмет ги вклучува состаноците со Вас и времето поминато во патување, разгледување, припрема и работа на документите, пишување на комуникација и водење на телефонски разговори.

Најчесто, нашиот надоместок ќе биде фиксно определен согласно Адвокатската тарифа на РСМ, кој ќе биде јасно искомунициран до Вас преку електронска порака или преку телефонски разговор. Во случај надоместокот да Ви биде соопштен по телефонски разговор, истиот ќе Ви биде напишан и на електронска порака испратена до Вас или вклучен во посебниот Договор за давање на адвокатски услуги доколку таквиот Договор го склучиме во конкретниот случај.

Надоместокот ќе биде зголемен за 18% ДДВ и сите трошоци кои реално и вистински ќе треба да бидат преземени со цел процесирање на Вашиот предмет. Таквите трошоци можат да опфаќаат: судски такси, административни такси, курирски трошоци, трошоци за преводи. Оваа листа на трошоци не е конечна.

Фактурите кои ги издаваме кон странски правни или физички лица, во согласност со Законот за данок на додадена вредност не подлежат на ДДВ.

Фактури и линк за онлајн плаќања

Плаќањето кон нас за извршените адвокатски услуги можете да го реализирате по издавање на фактура од наша страна и/или со креирање на посебен онлајн линк за плаќање преку виртуелен ПОС терминал. Двете опции можат слободно да се изберат од страна на клиентите. При плаќање преку онлајн линк, по успешно извршената уплата ќе биде автоматски креирана фактура која по Ваше барање може да Ви биде електронски испратена за Ваша евиденција. Фактурите можете да ги платите преку уплатница во банка или преку апликација за електронско банкарство доколку истото го поседувате. Нашите фактури доспеваат за плаќање во рок од 7 дена од нивното издавање, но со конкретен клиент може да биде договорено и пократок или подолг рок за плаќање во согласност со релевантните Закони.

Доколку по издавање на фактурата од наша страна, побарате истата да биде издадена кон друго правно или физичко лице, го задржуваме правото да го одбиеме таквото барање. Доколку го прифатиме истото барање, Вие ни гарантирате дека таквото правно или физичко лице ќе ја уплати во целост фактурата која првично била издадена до вас, заедно со сите рефактурирани трошоци и Данокот на додадена вредност. За избегнување на било какви сомнежи, Вие останувате одговорни за плаќање на нашата фактура, се до моментот на плаќање на истата во целост.

Престанок на давање на услуги

Го задржуваме во целост правото поради оправдани причини и околности да прекинеме со давање на нашите правни и адвокатски услуги. Под оправдани причини и околности ќе се сметаат тие кои не сме ги знаеле во моментот на прифаќање на давање на услуги и тие кои ќе се појават по прифаќањето на давање на нашите услуги. Истите можат да бидат содржани во следното:

  • Доколку утврдиме дека не е во Ваш интерес да продолжиме со работата;
  • Доколку не ни давате јасни упатства за извршување на работата и не ни овозможите доволно време за да ги исполниме задачите;
  • Доколку дојде до судир на интереси;
  • Доколку не сте усогласени со применливите прописи;
  • Доколку пропуштате да извршите редовна уплата на доспеаните фактури;
  • Доколку не ги надоместувате нашите трошоци во врска со работата и не го плаќате Данокот на додадена вредност;

Доколку го прекинеме давањето на услуги, должни сте да ги реализирате сите доспеани, а не реализирани фактури и трошоци кон нас.

Доверливост

Сите информации во врска со Вашето деловно работење и случувања поврзани со работењето и Вашиот предмет ќе се сметаат и ќе се чуваат како доверливи информации и ќе имаат привилегиран статус, односно статус на информации споделени помеѓу Адвокат и Клиент.

Истите можеме да ги обелодениме само во случај доколку Вие ни дадете такви инструкции или доколку законски сме обврзани да ги обелодениме.

Со прифаќањето на овие Општи услови, давате согласност да го користиме Вашето име/назив/лого како клиент на нашата адвокатска канцеларија, како информација за нашите професионални референци. Ова во никој случај не претставува откривање на било какви доверливи информации на било кои трети лица.

Спречување на перење пари и финансирање на тероризам

Нашата адвокатска канцеларија е должна да го почитува применливото законодавство кое се однесува на спречувањето на перење пари и финансирање на тероризам. Ова нам ни наметнува обврски кои треба да ги преземаме кои можат да влијаат или да ја ограничат нашата можност да Ве застапуваме или да продолжиме да Ве застапуваме доколку се посомневаме дека се врши перење на пари или финансирање на тероризам. Применливата регулатива може да ни наметнува обврска да водиме евиденција во врска со нашите клиенти и трансакциите во кои се вклучени. Дополнително, можеме да пренесеме информации во врска со Вас и планирана или извршена трансакција до надлежните органи за спречување на перење пари и финансирање на тероризам која сме должни да го сториме истото, со цел во потполност да постапиме во согласност со нашите законски обврски.

Права на интелектуалната сопственост

Сите материјални на нашата веб страница, вклучувајќи ги но не ограничувајќи се на логоа, блогови, прашалници и тестови за правна изложеност на компании, слики, видеа, брошури, текстови, материјали и видеа на наши посебни (landing pages) се во исклучива интелектуална сопственост на нашата канцеларија.

Било каква неовластена употреба на материјалите на нашата веб страница или употреба на делови од материјалите на нашата веб страница, логото, нашиот назив без наша дозвола претставува прекршување на нашата интелектуална сопственост. За да ја заштитите нашата интелектуална сопственост доколку е прекршена ќе ги преземеме сите правни средства кои ни стојат на располагање одма после дознавањето за неовластена употреба.

Секое копирање или преземање на материјали од нашата веб страница, дали во целост или дел, дозволено е само доколку имате писмена согласност од наша страна.

Ги задржуваме сите права на интелектуална сопственост врз материјалите кои не се изречно споменати од наша страна во овие Услови за користење.

Ограничување од одговорност

Нема да бидеме во ниту еден случај одговорни за настаната штета при давањето на нашите услуги кон Вас, доколку сме постапуваме во добра верба.

Секое друго ограничување на одговорноста до одредени парични износи или во други случаи ќе биде составен дел на посебниот Договор за давање на адвокатски услуги или вклучено во нашата електронска комуникација.

Информациите на нашата веб страница, како што се материјалите, вклучувајќи ги но не ограничувајќи се на блоговите и новостите се обезбедени без паричен надоместок од наша страна и служат само за информативни цели. Иако информациите се дадени со добра верба и со напор да бидат прецизни и точни, тие не претставуваат никаков правен или професионален совет.

Не сносиме било каква одговорност за било каква загуба или штета настаната во врска со употребата на информации, материјали и/или мислења од нашата веб страница вклучувајќи, но не ограничувајќи се на:

  • Било какви загуби или штети кои не се предизвикани од наша страна, деловни загуби, загуба на профит, загуба на податоци, загуби во производство, загуба на комерцијални или бизнис можности, заштеди или попусти, индиректни, последични или посебни загуби или штети, вклучувајќи ги било кои загуби или штети кои биле предвидливи во времето на донесување на овие Услови за користење, било кои загуби настанати на ваши софтверски програми, платформи или податоци, кои настанале во врска со употребата на нашата веб страница.

Заштита на лични податоци

Нашата адвокатска канцеларија го почитува во целост Законот за заштита на лични податоци и Општата регулатива на ЕУ за заштита на личните податоци.

Во согласност со овие регулативи, преземаме технички и организациски мерки во рамките на нашата канцеларија за заштита на Вашите лични податоци и намалување на ризикот од инцидент.

Овие мерки го опфаќаат следното:

  • Сегрегација на должности на овластените лица:
  • Издавање на овластување на овластени вработени лица;
  • Потпишување на изјави за тајност на овластените лица;
  • Користење на соодветни лозинки или други мерки за заштита при најавување во посебни работни станици односно компјутери или лап – топи;
  • Користење на соодветни анти – вирусни програми и farewall заштити;
  • Одјавување од информациските систем доколку е неактивен повеќе од 15 минути;
  • Редовно ажурирање и менување на лозинките;
  • Ограничување на пристап на надворешни мемории како УСБ стикови;
  • Примена на правилото на “чисто биро” при работењето;
  • Редовни обуки и усовршување на знаењата во врска со Заштитата на лични податоци на овластените лица;
  • Определување на офицер за заштита на лични податоци и администратор на информацискиот систем;

Оваа листа на технички и организациски мерки не е конечна и нашата канцеларија во согласност со обемот на обработка на лични податоци и анализата на ризик, постојано ги усовршува и го зголемува обемот на истите.

Нашата веб страница

Веб страницата https://almelaw.com/ е презентациска страница на адвокатската канцеларија ‘’Law Office Aleksov & Memishi’’ основана во 2017 година со седиште во Скопје. Адвокатската канцеларија ‘’Алексов и Мемиши’’ оперира на македонскиот пазар 7 години и во моментот на донесување на овие Услови за користење брои тројца адвокати, еден адвокатски приправник, соработник за прашања од областа на интернет споделувањето и неколку надворешни соработници од областа на сметководството и нотарски прашања.

Информативна содржина на нашата веб страница

Нашата веб страница содржи информативна содржина во форма на информативни блогови пишувани од нашите адвокати и приправници кои не претставуваат никаков правен совет и се исклучиво од информативен карактер.

Било каков друг текст на нашата веб страница, други страници креирани од наша страна, прашалници и др. се со информативна содржина и не претставуваат било каков правен совет.

Нашата канцеларија се оградува од било каква штета која би можела да произлезе доколку самостојно постапувате или преземете активност базирана на информативната содржина на оваа веб страница.

Линкови кон страници на трети лица

Нашата веб страница може да содржи линкови кои упатуваат кон страници на трети лица. Секоја од тие страници има засебни Услови за користење и Политики за приватност кои можат значајно да се разликуваат од овие Услови за користење кои се применуваат на нашиот веб сајт. Ние немаме никаква контрола врз тие веб страници и не сносиме никаква одговорност како за нивната достапност, така ниту за нивните услови за користење и за начинот на кој тие ги обработуваат Вашите лични податоци.

Доколку со линковите кон страниците на трети лица овозможиме пристап до информации на друг давател на услуги, не сносиме никаква одговорност во врска со тие информации и пружањето на услугите од негова страна.

Поставувањето на линкови кон страници на трети лица на нашата страница во ниту еден случај не подразбира дека препорачуваме или одобруваме услуги или производи кои се нудат преку тие страници.

Употреба на нашиот назив и лого

Употребата на нашето деловно име, заштитен знак и лого не е дозволено освен во согласност со Законот и овие Услови за користење.

Промени во содржините на веб страницата

Го задржуваме правото во било кое време да ги менуваме и ажурираме содржините на веб страницата, да додаваме или бришеме блогови поради што повремено страницата може да биде недостапна за користење.

Ништовност на некоја одредба во овие Услови за користење

Доколку надлежен суд или одредено надлежно тело утврди дека било кој дел или одредба во овие Услови за користење е ништовна или неприменлива ова нема да влијае на полноважноста на останатите одредби од овие Услови кои ќе продолжат да се применуваат во целост.

Таквата ништовна одредба ќе биде преработена за да ја постигне целта заради која била донесена и да биде во согласност со правните прописи.

Решавање на спорови

Во случај на спор кој произлегува или е во врска со овие Услови за користење исклучиво ќе биде надлежен Основниот граѓански суд во Скопје.

Во случај на спор изразуваме волја најпрво спорот да биде решен по пат на мирни преговори.

Контактирајте не

Сите Ваши конкретни правни прашања можете да ги упатувате на нашите адвокати и приправници за кои можете повеќе да прочитате во делот ‘’Тим’’ на оваа страница. Вашите прашања можете да ги упатувате директно преку официјалната е-мејл адреса advokat@almelaw.com или можете да закажете состанок преку нашиот календар во делот ‘’Закажи состанок’’.

Информативен блог

To top