ШТО ПРЕСТАВУВА ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА И КОЈА Е НЕГОВАТА ЦЕЛ? 

Со законот за финансиска поддршка се уредуваат видовите, висината, условите, начинот и постапката за доделување на финансиска поддршка на инвестициите на деловните субјекти кои ќе инвестираат во РСМ. 

Целта на овој закон е поттикнување на економскиот раст и развој во државата. 

СУБЈЕКТИ КОИ МОЖАТ ДА БИДАТ КОРИСНИЦИ НА ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА: 

  • Субјекти кои започнале или планирале продуктивна почетна инвестиција. 
  • Вкупните приходи од работењето во последната година да се поголеми од просекот во претходните 3 години. 
  • Бројот на вработени во последната година да не е помал за повеќе од 5% од просекот во претходните 3 години. 
  • Корисници на финансиска поддршка можат да бидат деловни субјекти од кожарска-преработувачката и текстилната индустрија како и деловни субјекти со наменско производство (вооружување и воена опрема). 

МЕРКА БР.1 ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА НОВИ ВРАБОТУВАЊА 

  • Наменета за државјани на РСМ 
  • Треба да се исплаќа месечна нето плата која е најмалку 50% повисока од минималната нето плата  
  • 20% од исплатената месечна нето плата. Максималниот годишен износ за едно вработување е 4.400 евра. 

Најмалку 50% од нововработените лица во текот на годината за која се бара финансиска поддршка, треба да исплонуваат најмалку еден од следниве услови: 

  • најмалку три месеци пред вработувањето да немале засновано работен однос и најмалку 12 месеци пред вработувањето да не биле вработени кај корисник на финансиска поддршка, 
  • прв пат да засноват работен однос, 
  • работниот однос да им престана порати отворање на стечај или ликвидација, 
  • непосредно пред вработувањето да бил вработен во државна институција. 

МЕРКА БР.2 ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИОНИ ОБЛИЦИ ЗА ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ И ИСТРАЖУВАЊЕ  

  • Се доделува за воспоставување на одделенија, центри или друг облик, во кое се реализираат истражувачки и развојни проекти или се ангажира високо квалификуван персонал со цел стекнување на нови знаења и вештини за развој на нови производи 
  • 50% од вкупно оправдани трошоци за индустриско истражување 
  • Се исплаќа за период не подолг од 5 години  
  • Оправдани трошоци: 
  • Персонални трошоци 
  • Трошоци за инструмент и опрема 
  • Трошоци за згради и земјиште 
  • Трошоци за договорно истражување, техничко знаење и консултантски услуги. 

МЕРКА БР.3 ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ПОРАСТ НА КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ И ПРИХОДИ

  • се доделува за инвестициски вложувања за набавка на нови машини и опрема и/или за инвестиции во објекти и земјиште неопходни за дејноста на деловниот субјект 
  • 10% поврат на инвестиција, но не повеќе од 1.000.000 ЕУР 
  • максимален период за поддршка: 5 години 

МЕРКА БР.4 ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТ НА ПАЗАРОТ 

Се доделува за деловни субјекти кои ја зголемиле својата конкурентност на пазарот:

  • Се најмногу 10% од оправданите инвестициски трошоци  
  • најмногу 5.000.000 евра за период од 5 години (1.000.000 евра годишно) 
  • пораст на приходите од работење за најмалку 5% повеќе од просекот во претходните 3 години 

ДРУГИ ВИДОВИ ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА СЕ:

  • Финансиска поддршка за преземање на деловни субјекти во потешкоти; 
  • Финансиска поддршка за инвестициски проекти од значаен економски интерес за РСМ; 
  • Финансиска поддршка за субјекти основани од државјани на РСМ со постојан/привремен престој надвор од РСМ. 
.

ПОСТАПКИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА: 

  • За инвестициски проекти во ТИРЗ се поднесува барање до ДТИЗ 
  • За инвестициски проекти надвор од ТИРЗ се поднесува барање до Агенција за странски инвестиции 
  • За доделување на финансиска поддршка, деловниот субјект најдоцна до 31 мај во тековната година се поднесува барање за доделување на финансиска поддршка до надлежните органи. 
  • Кон барањето се доставува: Писмо на намери, деловен план за инвестициски проект и финансиски извештаи за последните три години или за пократок период во зависност од датумот на кој субјектот е основан. 

ЗАКАЖЕТЕ СОСТАНОК СО НАШИОТ ТИМ:

Информативен блог

To top