Области на специјализација:
- Состав на правни мислења;
- Усогласеност со Закон за заштита на лични податоци;
- Состав на Договори за развој и поддршка на софтвер и нови алатки;
- Состав на интерни акти за усогласеност со Закон за работни односи;
- Состав на документација за усогласеност на веб страна;
- Оставински постапки;
- Договори за купопродажби и дар;
Био
Започнувајќи од 01.04.2022 година Кристијан работи како стручен соработник во адвокатска канцеларија Алексов и Мемиши каде што започнува со изготвување на документи за основање на трговски друштва, поднесување на различни апликации за промени во трговските друштва пред ЦРМ како и состав на потребна интерна документација на трговските друштва со цел нивна усогласност со Законот за работните односи.
Кристијан работи и на постапки за наплата на долгови, оставински постапки, состав на различни договори во согласност со Законот за облигационите односи како и опсежно истражување на одредена област за состав на писмени правни мислења.
Истражувајќи ја проблематиката за заштита на личните податоци во согласност со Регулативата за заштита на лични податоци како и Законот за заштита на лични податоци, започнува со изработка на интерни акти со кои компаниите во Македонија ги регулираат своите интерни процеси и усогласеност со заштитата на лични податоци. Поврзано со ова, за компаниите кои се присутни со своја веб страна, Кристијан изработува Политика за приватност, Политика за колачиња како и Услови за употреба на веб страна кои се важни документи со цел усогласеност со ЗЗЛП.
Кристијан специјализира и во изработка на договори за развој на софтвер, договори за развој на нови функционалности во постоечки софтвер како и договори за поддршка и одржување на софтвер.
Во 2023 година има учествувано како ментор на хакатон организиран од страна на #Ways2Help каде што со своите правни совети и критики придонесува за правна усогласеност на идеите развивани од тимови.
Од 01.05.2024 година започнува да работи како адвокат во адвокатската канцеларија со број на лиценца 4940.