Важноста на правната ревизија (Legal Due Diligence) за комапниите

25.10.2023

Во брзиот свет на бизнисот, носењето на информирани одлуки е една од клучните работи за успех. Еден таков процес, кој помага во носење на добра информирана одлука е процесот на правна ревизија (Legal Due Diligence).

Во овој информативен блог ќе дадеме краток осврт на концептот на правна ревизија, постапката и важноста на овој процес.

Кога се спроведува правна ревизија во компанија?

Правната ревизија не е редовна постапка, туку стратешка потреба. Неколку ситуации налагаат спроведување на правна ревизија во компанијaта:

  • Статусни промени во друштвото (M&A) – Во случај на статусни промени, од есенцијална важност е евалуацијата на „правната состојба“ на друштвото што се припојува или презема. Со овој процес ќе се идентификуваат потенцијални правни ризици и правни предизвици кој можат да влијаат на успехот на зделката.
  • Инвестиции и финансирање – Во случаите кога се бара надворешно финансирање или заем, потенцијалните инвеститори или заемодавачи можат да побараат извештај од правна ревизија со цел да ги проверат правните аспекти на компанијата во која би инвестирале.
  • Ускладеност со законската регулатива – Со постојаните промени во законските регулативи, бизнисите мора да се осигураат дека работат во рамките на законот. Правната ревизија помага за идентификување и отстранување потенцијални празнини со усогласеноста со важечките закони.
  • Експанзија и раст – Во случај на влез на нови пазари, лансирање на нови продукти, ширење на услугите во други држави, клучно е знаењето на тамошните закони и регулативи. Правната ревизија помага во навигацијата низ комплексните закони во различните региони.

Процес на изработка на правна ревизија

Спроведувањето на правната ревизија, е процес со кој се прави систематско испитување на правните аспекти на компанијата. Овој процес опфаќа: одредување на обемот на правната ревизија во зависност од специфичната ситуација, понатаму, формирање на тим кој во себе има правни експерти, финасиски аналитичари и останати специјалисти кои со своето комбинирано знаење можат да ја изработат целосната анализа.

Преглед на сите правни документи и проверка во однос на нивната важност, права и обврски како и нивна усогласеност со важечките закони. Спроведување на интервјуа со клучните вработени, со цел собирање информации за тековните правни активности, потенцијални ризици или познати предизвици. 

Идентификување на потенцијални ризици и одговорности кои можат да влијаат на финансиската кондиција, репутација или деловни активности. Категоризација на овие ризици по интензитет и приоритет и развој на план кој ќе ги реши или намали идентификуваните ризици или предизвици. (Може да вклучува преговарање за нови договори, разрешување на спорови или усогласување со важечки закони).

Стандардна листа за правна ревизија

Иако конкретната листа за правната ревизија може да варира во зависност од ситуацијата и индустријата, подолу се дадени некои општи насоки кои вообичаено се разгледуваат:

  • а. Правна структура: Потврдување ја правната структура на компанијата, сопственоста и управувањето.
  • б. Договори: Преглед на сите договори, вклучително договори со клиенти, договори со снабдувачи, договори за вработување итн.
  • в. Интелектуална сопственост: Проверка на состојбата со трговските марки, патентите и авторските права.
  • г. Судски постапки: Проверка на тековни и минатите правни спорови со цел проценка на потенцијални финансиски и репутациски ризици.
  • д. Усогласеност со законите и регулативите – Проверка на усогласеноста со регулативите специфични за индустријата, законите за животната средина, регулативата за работни односи, заштита на лични податоци и други применливи регулативи.
  • е. Останати прашања од работни односи: Преглед на договорите за вработување, интерните правила и процедури кои произлегуваат од Законот за работните односи и соодветните колективни договори и др.

Како за крај, зошто е правната ревизија важна?

Правната ревизија не е само формалност; туку е проактивен пристап за заштита на интересите и репутацијата бизнисот. Со идентификување на потенцијални ризици, одговорности и проблеми, правната ревизија овозможува носење на информирани одлуки. Во крајна линија, таа помага на бизнисот да расте и напредува во комплексната и се менувачка бизнис средина.

Закажете состанок со нашиот тим:

 

Напомена:

Овој текст претставува информативна содржина и истиот не преставува правен совет. Ве охрабруваме да се консултирате со вашите адвокати во вакви случаи.

Информативен блог

To top