Стечај на фирма, трговски друштва во Македонија

25.12.2023

Стечајот претставува судска постапка за ликвидирање или реорганизирање на компанија што се соочува со несолвентност (неликвидност на долг рок). Доколку се спроведе постапка за ликвидација, доверителите ги подмируваат побарувањата преку продажба на имотот на несолвентната компанија, а реорганизацијата бара нов начин на организирање на компанијата и нејзино рестартирање. 

Која е целта на стечајната постапка?

Целта на стечајната постапка е колективно подмирување на доверителите на стечајнито должник со претворање во пари на должниковиот имот и распределба на остварените приходи на доверителите или со склучување посебен договор за порамнување на побарувањата утврдени со планот за реорганизација. Според Законот за стечај, стечај или реорганизација над стечајниот должник се спроведува кога должникот е неспособен за плаќање или кога му претстои идна неспособност за плаќање. Постоењето на околностите кои докажуваат дека должникот е неспособен за плаќање се докажува со потврда од Централниот регистар. Стечајната постапка има за цел колективно намирување на доверителите на стечајниот должник преку продажба на имотот на должникот и износот да се распредели на доверителите. Освен неспособноста за плаќање, како причина за појава на стечај може да биде и презадолженоста на компанијата, кај која пасивата е поголема од активата во билансот. 

Што предвидува законот за стечајна постапка?

Законот за стечај предвидува различни можности за објавување на известувањата за текот на стечајната постапка, што во праксата отвора можности за злоупотреби и забуни. Во продолжение, законот предвидува дека стечајниот управник мора да поседува лиценца за да може да ја извршува оваа функција. Со отворањето на стечајната постапка, на вработените им престануваат договорите за вработување. Подмирувањето на доверителите се врши врз основа на планот за авансна распределба кој е должен да го состави стечајниот управник во рок од осум дена по приемот на парите од продажбата на имотот на должникот. По добиеното одобрение од одборот на доверителите, од стечајниот судија и од останатите доверители, стечајниот управник е должен во рок од осум дена да им ги распредели парите на доверителите. Конечното подмирување на доверителите се спроведува кога имотот на должникот целосно ќе се претвори во пари. 

Начела на стечајната постапка:

  • Стечајната постапка се поведува по предлог.
  • Стечајната постапка е итна.
  • Судот може да ги донесува одлуките и без усна расправа.
  • Судот може да се откаже од сослушување на должникот кога тоа е пропишано со овој закон, или ако лицата овластени за застапување на должникот врз основа на закон или лицата кои имаат удел или акции кај должникот, односно самиот должник – поединец, се со непознато престојувалиште или се наоѓаат во странство, па нивното сослушување би довело до прекумерно одолжување на постапката.
  • Предлози, изјави и приговори не можат да се даваат, односно да се поднесуваат, ако се пропушти рокот или рочиштето, односно собранието на кое требало да се дадат или поднесат, освен ако со овој закон поинаку не е определено. Во стечајната постапка не може да се бара враќање во поранешната состојба, освен ако со овој закон поинаку не е определено.
  • Табелите и извештаите можат да се изработуваат и обработуваат во електронска форма

Закажете состанок со нашиот тим:

 

 

Информативен блог

To top