Во светот , купопродажбата на имот може да биде едно од најзначајните и животно важни решенија. Независно дали сте продавач или купувач, влегувањето во овој процес бара добра подготовка и стратегија. Во продолжение, ќе ги истражиме основните чекори за успешна купопродажба на имот.
Кога ви е потребен Пред(договор) за купопродажба?
Со Пред(договорот) страните се обврзуваат за суштинските елементи на Договорот – предавање на определена недвижност и плаќање на определена цена, а воедно се договараат и за рокот во кој треба да биде склучен главниот Договор. Преддоговорот за купопродажба на недвижност, најчесто се склучува во случај кога купувачот подига кредит за да ја исплати купопродажната цена на недвижноста. Доколку не постојат пречки за исполнување на договорните обврски од двете страни, или доколку се исполнил условот од Преддоговорот, страните можат да пристапат кон склучување на главен Договор.
Постапка при склучување на Пред(договорот) и Договорот
Постапка при склучување на Пред(договорот) за купопродажба на недвижности според законските одредби задолжително мора да се склучени во писмена форма. Деталите во договорите треба внимателно да се разгледаат и состават се со цел да ги избегнете подоцнежните проблеми кои што може да ви нанесат материјална штета, пред се и дополнителен стрес и нервози. После внимателно составен договор или преддоговор следи заверка на истите од страна на адвокат со печат и потписи. Додека пак, финалниот договор се носи во локалната даночна канцеларија за утврдување на данокот на промет на недвижноста. После уплатата на данокот истиот задолжително се солеминизира кај надлежен нотар. Откако ќе бидат завршени сите процедури договорот се поднесува за да биде процесуиран во катастарот на недвижности.
Пред да склучите Пред(договор) треба да обрнете посебно внимание на:
- Имотни листови
- Побарајте докази за подмирени даноци и други давачки
- Проверете заедно со адвокат дали има некакви оптоварувања во имотниот лист
- Договорете се за (не)опременоста на недвижноста
- Договорете се за цената на недвижноста
- Договорете се за предавање на клучевите
- Договорете се за плаќање на данокот на промет
- Договорете се за плаќање на трошоците на постапката
- Побарајте адвокат и потпишете Пред(договор)