Правото на патент во РМ

16.11.2023

Патентот е ексклузивно законско право кое е дадено за пронајдок. Пронајдокот е производ или процес кој обезбедува нов начин да се направи нешто или обезбедува ново техничко решение за некој проблем. Патентот му нуди правна заштита на сопственикот за пронајдок.

Пронајдокот претставува:

  • ново техничко решение на определен технички проблем
  • нова растителна сорта или хибрид
  • да е резултат на творечка работа
  • да е технички изводлив
  • да може да се примени во индустријата или друга стопанска дејност.

Со патентот не може да се заштити пронајдок:

  • кој се однесува на нови животински видови и растителни сорти и чисто биолошки постапки за добивање на растенија и животни
  • за хирушка и дијагностичка постапка или постапка за третман на живо човечко или животинско тело и
  • чие објавување или примена е спротивно на јавниот поредок и моралот.

За пронајдоци не се сметаат:

  • научните откритија
  • научните теории
  • математичките методи
  • естетските творби
  • планови
  • принципи и методи во врска со вршење умствена работа
  • програми за сметачи и
  • формите за давање информации.

Пocтaпкa зa пpизнaвaьe нa пpaвoтo нa пaтeнт мoжe дa пoвeдe пpoнajдyвaчoт (физичкoтo лицe кoe
гo coздaлo пpoнajдoкoт co cвojoт пpoнajдyвaчки тpyд) и нeгoвиoт пpaвeн cлeдбeник (пpaвнo или
физичкo лицe чиe пpизнaвaњe нa пpaвoтo нa пaтeнт ce тeмeли вpз зaкoн, пpaвнa paбoтa,
нacлeдyвaњe и cyдcкa oдлyкa). Работодавачот се смета за правен следбеник на пронајдувачот кога
врз основа на закон или договор за работа му припаѓа правото на стекнување на патент за пронајдок создаден во рамките на работниот основ на пронајдувачот. Не се смета за пронајдувач
оној кој во создавањето на пронајдокот пружал само техничка помош.

Постапка за испитување на пријавата:

  • 1.Се испитува уредноста на пријавата т.е. дали пријавата ги има сите законски содржини
  • 2.Ако пријавата е уредна се запишува во регистар на пријави и се испитува дали се уплатени сите такси
  • 3.Се испитува дали предмет на пријава е пронајдок што може да се патентира. Ако се исполнети сите услови, заводот донесува Заклучок и го повикува поднесителот да ги плати трошоците.

Ако подносителот на пријавата во определениот рок постапи по заклучокот од заводот, односно
ги плати трошоците и таксите, Заводот ќе донесе решение за признавање на патент.
Податоците од решението за признавање на патент се запишуваат во регистарот на патенти на
денот на донесувањето и се објавуваат во службеното гласило на Заводот во рок од 90 дена од
денот на донесувањето.

Закажете состанок со нашиот тим:

 

Информативен блог

To top